Фит

Вежби со кои ќе си го подобрите сексуалниот живот

4. октомври 2017 - 15:21 | А.С.

Вежбањето е добро за одржување на тонусот на мускулите и општата здравствена состојба. Сепак, многу жени не помислуваат на зацврснување на средишниот дел на телото и т.н. core muscles што се важни за поголема агилност и уживање во сексот.

Професионалната борачка и фитнес инструкторка Кит Мекнивен ги споделува петте вежби за зајакнување на овие мускули и зголемување на сексуалното задоволство.

Кегелови вежби

Овие вежби помагаат да се зајакне тонусот на мускулите во долниот дел на абдоменот, вклучувајќи ги вагиналните мускули. Најдобро е да ги правите Кегеловите вежби седнати на под со скрстени нозе, но може да ги правите и во стоечка положба секогаш кога ќе имате слободно време. Стегнете ја карлицата, вагината и анусот и задржете се во таа положба три секунди, а потоа опуштете се. Повторете ја вежбата десет пати, лесно и без брзање.

Глутеус мост

Легнете на рамна површина со кренати колена. Кревајте ја карлицата, задржете ја неколку секунди со стегнати мускули на задникот и потоа спуштете се долу без да го допирате подот. На овој начин затегнувате многу мускули: томачни, грбни, внатрешни и на задникот.

 

 

Кревање нозе

Какви било вежби со кревање на нозете помагаат во затегнување и јакнење на вагината. Легнете на под и бавно кревајте ги нозете и рацете. Ќе забележите согорување на мастите и како вашето тело станува позатегнато.

 

 

Исправање со медицинска топка

Освен што ќе ги зајакните вашите core muscles, со оваа вежба работите и на дефинирање на стомачните мускули. Оваа вежба можеби е малку понапорна, но трудот ќе ви се исплати. Легнете на под со подигнати колена и стапалата на под. Земете ја медицинката топка во рацете и полека исправајте се до седечка положба.

Секс

Секако, нема замена за сексот. Покрај задоволството што следи од сексуалната активност, тоа сметајте го и за една од најдобрите физички активности за вашето тело.

Коментирај