Љубов и секс

Ви одговоривме осум интимни прашања за кои се срамите да прашате

29. јануари 2020 - 14:45 | М.С.

Луѓето се неоправдано срамежливи и недоволно храбри за да разговараат отворено за сексот, вели терапевтот Вена Рамфал. Поради тоа, многумина избегнуваат да имаат секс со партнерот бидејќи не уживаат во овој чин.

Mirror одговори на најчесто поставуваните секс прашања.

1. Како да му кажам на партнерот што сакам во кревет?

Научени сме дека потребите на другите луѓе треба да ги ставаме пред нашите, но тоа не е добра пракса кога станува збор за сексот.

Вистината е: Доколку го кажете она што го сакате, и двајцата ќе имате корист од тоа. Доколку вие уживате во сексот, и вашиот партнер треба да ужива. Започнете разговор за тоа додека сте во кревет. Кажете му ги вашите желби. Доколку сте нервозни, размислете што сакате да му кажете. Не заборавајте дека вашиот партнер не може да чита мисли, па затоа треба да му кажете што сакате.

2. По долгата врска не помислувате на секс со друга личност. Што да правите?

Заборавете на минатите болни искуства и уживајте. Заборавете ги сите правила и уживајте во искуството кое доаѓа со годините. На пример, нема потреба да го одложувате сексот. Го заслужувате само вистинскиот партнер покрај вас и не треба да губите време.

3. Ми здодеа сексуалниот живот и врската е ужасна. Како да ја вратиме страста во врската?

Веројатно страдате од рутина. Треба да направите нешто ново со помош на кое ќе ја вратите романтиката во врската. Закажете состанок на некое убаво место. Дотерајте се и глумете дека сте на почетокот на врската. Секогаш може да пробате и нова поза во сексот.

4. Моето тело се менува со текот на годините. Како да ја вратам самодовербата?

Со промени на навиките во исхраната. Начинот на кој размислуваме за нашето тело не е само од психолошка, туку и од хемиска природа. Храната којашто ја консумираме влијае и на начинот на кој размислуваме.

Обидете се да внесувате зелен лиснат зеленчук и да го намалите внесот на алкохол. Јадете здрава храна, пијте вода и чај. Исто така, обновете ја гардеробата. Носете го само она во коешто се чувствувате убаво.

5. Мојот партнер не се чувствува секси. Како да му помогнам?

Па едноставно. Кажете му на вашиот партнер дека го сакате и што сè ви се допаѓа на неговото тело. Бидете внимателни, купувајте му слатки подароци и повторно потсетете го дека е прекрасен. Може да се обидете заедно да ги смените лошите навики и да го смените начинот на живот.

6. Како да ги намалам очекувањата од сексуалниот чин?

Во филмовите сè изгледа совршено, но треба да знаете дека сексот во филмовите е лажен. Во нив нема ништо вистинито. Со оглед на тоа дека во денешно време луѓето имаат лесен пристап до порнографија, не треба да верувате многу во филмовите за возрасни. Не споредувајте се со тие актери.

7. Како да предложите секс-играчки без да го исплашите партнерот?

Одлуката е ваша. Некој сака да ги користи, а тие можат да го зачинат сексуалниот живот.

Меѓутоа, некој не ужива во овој начин на забава, па затоа не треба да го присилувате партнерот. Сексот ќе биде забавен доколку самите го направите да биде таков.

8. Има многу сексуални совети на интернет, на кои можам да им верувам?

Кога барате совети преку интернет, истражете го добро тоа што го читате. Не верувајте само на еден интернет блог, форум или веб-сајт, туку пребарајте информации од различни извори.

Исто така, секогаш може да се посоветувате со вашите пријатели кои ќе ви ги кажат нивните искуства.

Коментирај