Ви се игра „Кантер“?

11 години по лансирањето, играта никогаш не билa попопуларна.

Додека позитивните критики за Hogwart's Legacy доаѓаат од сите страни, лесно е да се помисли дека овој наслов е на врвот на листата на најиграни игри на платформата Steam. Сепак, не само што не е така, туку на првата позиција се наоѓа игра стара дури 11 години - Counter-Strike: Global Offensive - која денес е попопуларна од кога било.

Според базата на податоци на SteamDB, мултиплеер играта која беше објавена на 21 август 2012 година, го собори својот рекорд за најмногу истовремени играчи во текот на викендот - 1.320.219. Исклучително импресивна бројка имајќи предвид дека оригиналниот Counter-Strike започна како мод за Half-Life во 1999 година.

CS:GO е единствената игра на платформата Steam која редовно регистрира над милион истовремени играчи, додека популарниот MOBA наслов, Dota 2, долго време цврсто ја држи втората позиција. Сепак, таа позиција во моментов е под сериозна закана од Hogwart's Legacy, игра која беше лансирана минатата недела.

И покрај популарноста, „Кантер“ не е игра со најмногу истовремени играчи досега. Всушност, таа титула му припаѓа на хит насловот PUBG: Battlegrounds, кој претходно го постигна најдобриот резултат од 3.257.248 истовремени играчи. Над CS:GO е и Lost Ark, која успеа да собере уште околу 5.000 играчи истовремено. Освен игрите PUBG, Lost Ark и CS:GO, само Dota 2 и Cyberpunk 2077 успеаја да постигнат број на истовремени играчи над милион.

Растот на гејмерите кои играат популарни наслови во исто време е во согласност со растот на бројот на луѓе кои користат Steam. Во јануари, бројот на корисници на платформата - кои играле видеоигри во исто време - достигна 10.284.568, додека бројот на истовремено најавени корисници достигна 33.078.963.

Тагови
реклама

Хиперсоничен авион ќе патува од Европа до Австралија за само 4 часа

Read more

Познати цените за новите Москвич модели

Read more

Италија го забрани ChatGPT, трката за развој излезе од контрола

Read more

Откриено колку пари заработил Лука Модриќ во кариерата

Read more

Гејминг

Lenovo се откажа од гејмерските телефони

Read more

Electric Dream - графиката никогаш не изгледала толку реално

Read more

Што може да направи Xbox Series X, а PlayStation 5 не може?

Read more

Компанијата Rockodile најави игрица инспирирана од војната во Украина

Read more
 

Гик

Хиперсоничен авион ќе патува од Европа до Австралија за само 4 часа

Читај повеќе

Италија го забрани ChatGPT, трката за развој излезе од контрола

Читај повеќе

Колку долго човек може да остане буден?

Читај повеќе

Креативни начини како подобро да го организирате вашиот фрижидер

Читај повеќе

Познати првите детали за телефонот Samsung Galaxy S24 Ultra

Читај повеќе

Откриена планета голема колку Јупитер, но со густина поголема од олово

Читај повеќе

Илон Маск стана најследената личност на социјалната мрежа што си ја купи

Читај повеќе

Младите повеќе ги сакаат легендарните „глупави телефони“

Читај повеќе

Virgin Orbit се откажа од вселенските операции, отпушта 90 отсто од вработените

Читај повеќе