Viber доби два нови типа на пораки

Благодарение на новите безбедносни решенија, компаниите ќе можат брзо да ја потврдат автентичноста на корисниците за да ја намалат можноста за измама.

Viber воведе два нови типа на пораки, воведени со цел дополнително да се заштити комуникацијата што се одвива помеѓу компаниите и корисниците преку оваа платформа.

Благодарение на нив, компаниите сега ќе можат брзо да ја проверат автентичноста на корисниците, со цел да се намали можноста за измама и да се направи комуникацијата побезбедна.

OTP и SecurePlus

- Пораки за верификација - Овие пораки претставуваат безбеден и лесен начин за проверка на автентичноста на клиентите преку еднократни шифрирани лозинки (OTP - One time passwords), кои компаниите ги испраќаат до корисниците со одреден период на испорака.

Кога корисниците ќе ја добијат Viber пораката за верификација, ќе можат брзо да го копираат ПИН-кодот користејќи го копчето „Копирај“ во кореспонденцијата и да, преку „пуш-нотификација“ без да ја отворат апликацијата Viber, брзо и лесно можат да ја потврдат автентичноста.

- Дополнителни обезбедени пораки (SecurePlus messages) - Обезбедуваат уште повисоко ниво на безбедност со проверка на бројот на примачи за да се утврди дали тие можеби биле претходно исклучени поради потенцијална активност на измама.

Приватните и чувствителни информации, како што се податоци за трансакциите или изводи од банка, се доставуваат само откако Viber ќе ја потврди доверливоста на примачот во реално време.

„Од-крај-до-крај“

Новите ажурирани верзии на апликацијата се надополнети со сертификацијата Type SOC II на Rakuten Viber – ригорозна безбедносна ревизија која потврдува сеопфатни мерки за заштита на податоците во апликацијата.

Viber им овозможува на корисниците шифрирање при транзит за комуникација меѓу бизнис и корисник – додека притоа одржува шифрирање „од-крај-до-крај“ за приватни и групни разговори и приватни повици.

Дополнителна безбедност значи дека приватните пораки никогаш не се складираат на серверите на оваа супер-апликација и дека сите врски се целосно заштитени со HTTPS.

Тагови
реклама

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Read more

Филипче: Не можам да најдам разумно објаснување зошто ВМРО-ДПМНЕ не го поддржа законот за помош за настраданите од Кочани

Read more

Колку ќе ве чини реновирање на стан во Скопје?

Read more

Метод на складирање што ги одржува морковите свежи до еден месец

Read more

Софтвер

Начинот на кој го користите ChatGPT открива една работа за вас

Read more

Како бесплатно да го спасите компјутерот кога ќе заврши поддршката за Windows 10?

Read more

YouTube тестира Premium план за двајца корисници

Read more

ЕУ го казни TikTok со 530 милиони евра

Read more
 

Гик

Најдобрите Android телефони за 2025

Читај повеќе

ChatGPT доби голема бесплатна надградба

Читај повеќе

Крај на дебатата: Нема докази дека 5G е штетна по здравјето

Читај повеќе

Android 16 е значително побезбеден и поотпорен на измами

Читај повеќе

Nintendo без милост кон пиратеријата

Читај повеќе

Што ја „цица“ батеријата на вашиот телефон?

Читај повеќе
  • play_arrow

Авантуристичката игрица Marvel 1943: Rise of Hydra одложена за 2026 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Кои биле Морските луѓе? Одеднаш се појавиле на бродови и уништиле цивилизации

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

DJI го претставува дронот Mavic 4 Pro со подобри камери и поголем дострел

Читај повеќе