Софтвер

Viber го поддржа Huawei: Апликацијата веќе е достапна на новите смартфони

23. септември 2019 - 15:09 | А.С.

Во рамки на Huawei AppGallery веќе може да се најде и симне апликацијата Viber за сите корисници на смартфоните од серијата Mate 30, како и на останатите Huawei телефони.

Кинескиот технолошки гигант Huawei се најде среде трговската војна меѓу САД и Кина и остана без Google апликациите и лиценциран Android за телефоните од серијата Mate 30 што ја промовираше минатата недела.

Mate 30, Mate 30 Pro и Mate 30 RS Porsche Design ги имаат на располагање Huawei Mobile Services и продавницата за апликации Huawei AppGallery.

AppGallery веќе некое време се испорачува на Huawei смартфоните и оваа виртуелна продавница содржи апликации посебно прилагодени на уредите на Huawei.

Добра вест за сите корисници на новите, но и на старите Huawei уреди е дека некои од познатите апликации од Google Play Store веќе се најдоа и на AppGallery, а едно од најзвучните имиња секако е Viber.

Покрај апликацијата Viber, корисниците наводно наскоро ќе ги имаат на располагање во AppGallery и Facebook, Messenger, Instagram и WhatsApp, a Huawei најави доаѓање и на многу други звучни имиња.

Компанијата исто така најави дека ќе вложи 1 милијарда долари во развој на екосистемот Huawei Mobile Service.

Коментирај