Софтвер

Viber го претстави новиот изглед со дополнителни опции

5. февруари 2019 - 9:25 | Б.С.Б.

Минатиот декември Viber го прослави осмиот роденден, а вчера ја претстави новата верзија со изменет изглед.

Новата верзија ќе биде подобра, побрза и побезбедна за размена на пораки.

„Во текот на минатата година вложивме многу напори за подобрување на квалитетот. Испраќањето пораки станува двапати побрзо од претходно, унапреден е и квалитетот на аудио и видео пораките“, велат од Viber.

Новата верзија има и групни видео повици до пет корисници.

Коментирај