Viber го растовари почетниот екран

Viber јасно ги разграничи приватните разговори со групирање на пораките што ви ги испраќаат брендовите во посебен простор.

Дали сте имале проблем со едноставното лизгање за да најдете разговори со пријателите или семејството од многуте пораки испратени до вас од компаниите, но и обратно? Не повеќе. Една од најпопуларните апликација за пораки, Viber, сега ги разграничи тие два типа на комуникација и воведе Business Inbox, посебен дел каде што ќе можете да ги најдете сите разговори со брендовите. Овој потег не само што ќе го растерети вашиот почетен екран, туку и ќе обезбеди заштита од измамници.

Доколку сè уште не сте имале можност да добиете порака од официјалната сметка на некоја компанија или бренд или неодамна сте ги избришале таквите пораки, Business Inbox ќе се активира кога ќе ја примите вашата прва или нова деловна порака. Меѓутоа, ако таквите пораки веќе биле во вашето сандаче, сега ќе видите посебен дел на врвот, каде што сите деловни пораки автоматски се групираат. Новиот простор им овозможува на корисниците да организираат интеракции со брендовите како што сакаат, на начин кој најмногу им одговара, имено:

  • да закачите разговор со бренд на врвот на своето деловно сандаче;
  • да го префрлите секој разговор од Business Inbox на главниот екран со приватните разговори;
  • да го закачите секој деловен разговор на горниот дел од екранот со приватните разговори.

Друга новина воведена од Viber се комерцијалните сметки, кои ќе овозможат да се најдат сите начини за интеракција со брендот на едно место.

  • Корисниците ќе можат проактивно да пребаруваат деловни сметки со впишување бренд или име на компанија во полето за пребарување на Viber.
  • Кога ќе влезат во комерцијалната сметка по свој избор, на корисниците ќе им бидат прикажани името на брендот, логото, симболот дека сметката е потврдена, описот, информациите за контакт и списокот со канали за комуникација достапни на Viber. Сметките ќе може да се препраќаат до други корисници, што го зголемува присуството и видливоста на брендот.
  • Брендовите ќе можат да истакнат до три адреси, веб-локација, телефонски број и опис до 1.000 знаци за да бидат сигурни дека сите потребни информации се достапни за заинтересираните корисници.

Viber тврди дека новите и достапни комерцијални сметки дополнително ќе ги поттикнат корисниците со тоа што ќе можат директно да пронајдат брендови по свој избор и проактивно да иницираат комуникација со нив. Комерцијалните сметки ќе го направат искуството со користење на Viber уште поудобно, бидејќи потенцијалните клиенти кои сакаат да воспостават контакт со бренд или компанија на Viber ќе можат да го изберат каналот за комуникација што најмногу им одговара и на тој начин да уживаат во слично искуство со користење на специјален апликација во самиот Viber. Во исто време, брендовите ќе можат дополнително да ја насочат својата комуникација кон своите купувачи и клиенти - и лесно да создадат супериорна и модерна деловна средина.

Тагови
реклама

Како Американците го „украдоа“ најнапредниот советски хеликоптер?

Read more

Што значи кога ви игра окото и дали може да биде сериозно предупредување?

Read more

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Read more

Што да јадете за здрав црн дроб?

Read more

Софтвер

Шест знаци дека некој ви го шпионира компјутерот

Read more

TikTok во САД воведува нови опции за помлади од 18 помалку да го користат

Read more

YouTube Music им овозможи на корисниците да создадат своја радио станица

Read more

Пет совети како да ја забрзате работата на вашиот компјутер

Read more
 

Гик

Ново истражување за магичното дејство на пијалакот ајауаска

Читај повеќе

Среќен роденден Twitter: Што пишува во првиот твит објавен пред точно 17 години?

Читај повеќе

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Читај повеќе

Зошто светот не мрда со прст да се спаси од климатските промени?

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботска ајкула од Темза дневно собира по 21 илјада шишиња

Читај повеќе

Како најдобро да се заштитите кога купувате онлајн?

Читај повеќе

Нови докази за мајката на Да Винчи - била робинка од Источна Европа?

Читај повеќе

На Земјата ѝ се заканува фосфогедон - што е тоа?

Читај повеќе

Што може да направи Xbox Series X, а PlayStation 5 не може?

Читај повеќе