Вид мравки можат да намирисаат тумор во примерок од урина

Новото истражување покажа дека мравките можат да откријат тумор во примерок од урина благодарение на нивните моќни миризливи рецептори.

Во истражувањето се наведува дека мравките од видот Formica fusca ги откриле туморите така што ја „мирисале“ урината на пациентите.

„Мравките може да се користат како био-детектори за да се разликуваат здравите индивидуи од оние со тумори. Тие се лесни за 'тренинг' бидејќи брзо учат, многу се ефикасни и не се скапи за одржување“, вели Патрициа Д'Еторе, авторка на истражувањето.

Органските соединенија, кои се ослободуваат во случаи на канцерогени тумори, се присутни во физиолошките течности, вклучувајќи пот, урина, па дури и пареа од здив.

Водачот на истражувањето и главен автор, Баптист Пикерет, и неговиот тим започнале ксенотрансплантација на тумори на рак на дојка кај глувци и го овозможиле неговиот развој. Потоа, научниците земале примероци од урина од здрави и болни животни за да ги анализираат.

Во студијата, мравките успеале да го поврзат мирисот на тумор со награда со тоа што добивале капка засладена вода пред примерок од урина од болен глушец. По повлекувањето на шеќерната вода останувале во близина на урината на болните глувци околу 20% подолго отколку кај урината на здравите глувци, бидејќи барале од вкусниот десерт. Мравките се „научиле“ на новата задача по само три тренинзи, или вкупно 10 минути. Ова е многу побрзо од кучињата кои откриваат рак, бидејќи нивната обука трае и до 6 месеци.

„Ги научивме да го поврзуваат мирисот на рак со награда. Покажавме дека мравките можат да разликуваат урина од здрави и болни глувци. Бевме изненадени колку се сигурни и ефикасни мравките“, додава Д'Еторе.

Црните мравки познати како Formica fusca живеат низ цела Европа, но и во одредени региони на Јужна Азија и Африка.

Тагови
реклама

Како Американците го „украдоа“ најнапредниот советски хеликоптер?

Read more

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Read more

Што значи кога ви игра окото и дали може да биде сериозно предупредување?

Read more

Што да јадете за здрав црн дроб?

Read more

Вести

Ново истражување за магичното дејство на пијалакот ајауаска

Read more

Зошто светот не мрда со прст да се спаси од климатските промени?

Read more

Роботска ајкула од Темза дневно собира по 21 илјада шишиња

Read more

Нови докази за мајката на Да Винчи - била робинка од Источна Европа?

Read more
 

Гик

Ново истражување за магичното дејство на пијалакот ајауаска

Читај повеќе

Среќен роденден Twitter: Што пишува во првиот твит објавен пред точно 17 години?

Читај повеќе

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Читај повеќе

Зошто светот не мрда со прст да се спаси од климатските промени?

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботска ајкула од Темза дневно собира по 21 илјада шишиња

Читај повеќе

Како најдобро да се заштитите кога купувате онлајн?

Читај повеќе

Нови докази за мајката на Да Винчи - била робинка од Источна Европа?

Читај повеќе

На Земјата ѝ се заканува фосфогедон - што е тоа?

Читај повеќе

Што може да направи Xbox Series X, а PlayStation 5 не може?

Читај повеќе