Вид папагали користи алат и носи комплет со себе за да решава комплицирани задачи

Експерименталните истражувања покажаа дека најмалиот вид какаду разбира како да користи одреден тип на алат за да реши задача.

Далеку на островите Танимбар во Индонезија живее ендемичен вид на папагал наречен Tanimbar corella, или Танимбарски какаду. Видот кој е најмал по големина, но има и најкраток животен век - 30 години во заробеништво - меѓу какадуите. И иако може да го имитира човечкиот говор, не се смета за успешен како другите видови од неговиот род, но она што научниците успеаја да го откријат кога станува збор за него, е дека може да користи цел сет на алатки.

Имено, иако со години се зборува дека новокаледонските врани се апсолутни шампиони во светот на птиците кога станува збор за користење на сетови со алатки, разбирање на нивниот избор и употреба во зависност од видот на задачата или целта, резултатите од една нова студија сугерираат дека споменатиот какаду можеби е уште повешт - некои од нив користеле и до три вида алатки како „прибор за јадење“ т.е. да се извлечат семките од плодот. Освен нив, истражувачите забележале вакво однесување кај нечовечки животни само кај диви шимпанза.

Експеримент со кафез и орев

Првиот автор на студијата, д-р Антонио Осуна-Маскаро од Универзитетот за ветеринарна медицина во Виена, објасни дека тој и неговите колеги некое време се прашувале дали овој вид користи различен вид на алат, дури кога се востановило дека првата алатка не била од никаква корист. Затоа, тие развиле експеримент и решиле да го откријат одговорот на ова интересно прашањето.

Најпрво д-р Осуна-Маскаро сакал папагалите да се запознаат со кафезот во кој имало орев. Потоа им биле понудени две алатки со помош на кои можеле да дојдат до него - стап со кој можеле да ја „пробијат“ бариерата меѓу нив и храната и подолг алат со помош на кој можеле да го извлечат оревот. Се покажало дека од десет папагали дури седум сфатиле како да ги користат двете алатки, додека двајца ја решиле задачата уште при првиот обид.

Бидејќи огромното мнозинство биле исклучително успешни во извршувањето на задачата неколку пати по ред, пет од нив биле по случаен избор воведени во следниот сличен експеримент со кафези, при што изборот на алат зависел од типот на кутијата. Резултатот - од 150 обиди, птиците ја користеле точната алатка 128 пати. Тоа ги навело авторите да заклучат дека Танимбарските какадуи се способни спонтано да користат нов сет на алат и да научат да го применуваат по потреба.

URL

Конечно, тимот сакал да открие дали какадуите можат да пренесат сет на алатки со нив. За да го направат тоа, птиците морале да носат две алатки во клунот и да се качат на кратка скала или да летаат до кафезот од друга платформа. Исто така, им била понудена сламка во која можеле да залепат стап, кој потоа можеле да го носат како еден предмет.

„Навистина не знаевме дали какадуите ќе пренесат два предмета заедно“, објасни коавторката на студијата и биолог, Алис Ојерсперг од Универзитетот за ветеринарна медицина во Виена. Додаде и дека како и минатиот пат, само некои од кутиите имале бариера, па птиците морале да одлучат дали им треба само една алатка или и двете. Повеќето од нив го превезувале комплетот по потреба, што укажува дека однапред знаеле кога им требаат двата алата.

Конечниот заклучок е дека има уште многу што треба да научат научниците за интелигенцијата на видовите птици, но дека е речиси сигурно дека Танимбарските какадуи поседуваат одреден степен на знаење што им овозможува да користат алатки и со тоа успешно да извршуваат одредени задачи.

Тагови
реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Наука

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Read more

Ретко суштество за кое малку се знае снимено на дното на морето

Read more

Свински бубрег првпат трансплантиран на човек, лекарите воодушевени

Read more

Првиот пациент со вграден Neuralink онлајн играше шах користејќи само мисли

Read more
 

Гик

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе

Драмата продолжува: TikTok под истрага, ѝ се заканува тужба

Читај повеќе
  • filter

Vivo ја претстави новата X Fold3 серија смартфони

Читај повеќе

Заврши историската приватна мисија на Intuitive Machines, лендерот заспа засекогаш

Читај повеќе

Гејмерите имаат можност бесплатно да ја пробаат Cyberpunk 2077

Читај повеќе

Повлечена студијата која тврди дека во Индонезија е пронајдена 27.000 години стара пирамида

Читај повеќе

Google знае премногу: Како да избришете сè што памти за вас?

Читај повеќе