Фудбал

Видал: Не сум среќен во Барселона

10. октомври 2018 - 19:51 | М.Д.

Артуро Видал е незадоволен од својот статус во Барселона. Пристигна во август од Баерн за 18 милиони евра, наводно му е ветена поголема минутажа, но оваа сезона на теренот помина само 176 минути.

Во Примера настапи на шест натпревари, но вкупно во игра помина 164 минути. Во ЛШ во два натпревари одигра само осум минути, а во Суперкупот четири минити.

Откако дербито со Валенсија го гледаше од клупата за резерви, 31-годишниот чилеански играч за врска порача дека не е среќен во Каталонија.

„Не сум среќен, но ако имам проблем со тренерот, му го кажувам тоа во лице. Но, како да бидам среќен ако не играм, и тоа токму јас од сите тие луѓе. Јас кој секогаш се борев, секогаш играв за најголемите клубови на светот, освоив сѐ, а сакам да продолжам да освојувам и во Барселона“, рече Видал.

На навивачите им порача дека е целосно подготвен и дека ќе се бори за своето место во тимот.

„Добар сум и психички и физички, но од последните натпревари сум иритиран. Ќе се бориме, имаме уште многу натпревари“, рече Видал.

Коментирај