ЗИМСКИ ТРАНСФЕР ПЕРИОД 2020

Видал се договорил со Интер, но Барса го бара Сенси во замена

Чилеанецот и италијанскиот клуб ги договориле условоте за преселба во Милано, но останува сега Интер и Барса да се договорат, а тоа веројатно ќе оди многу тешко.

На Конте очајно му треба зголемување на играчкиот кадар за Интер да може сезоната до крај да ја одигра на високо ниво. Проблемот со тенката клупа Конте го потенцира одамна, особено по неколкуте повреди кои го оставија со младинци на клупата за резерви, а ветеранот Борха Валеро беше приморан да го прекомандува како клучен играч во средниот ред.

Желба на Конте е Артуро Видал со кого управата на Интер нашла заеденички јазик договарајќи ги условите под кој тој треба да се пресели во Интер. Се договориле за две и полгодишен договор.

Но, постои еден проблем: Видал не е слободен играч и треба да се постигне договор и со Барселона. Тука е проблемот. Видал има договор со Барса до јуни 2021, што значи дека Интер ќе треба да плати отштета.

„Нераѕурите“ понудиле 12 милиони евра, но Каталонците бараат 20, а моменталната вредност на 32-годишниот Видал се проценува на 14 милиони евра. Доколку Интер не сака да ја понуди сумата која Барселона ја бара, тимот од „Камп Ноу“ е подготвен на трампа со Стефано Сенси од кого Конте по никоја цена не сака да се откаже.

Сенси има 24 години и за Интер настапува како позајмен од Сасуоло, но со опција за целосен откуп на лето. Неговата вредност се проценува на 30 милиони евра што значи дека во ваков случај Барселона ќе треба да му доплати на Интер при евентуална трампа на Сенси и Видал. Сепак, шансите Конте да се откаже од Сенси се минимални особено што за возврат би добил 32-годишен играч.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Фудбал

Родри една година не доживеал пораз

Read more

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Read more

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Read more

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Read more
 

Спорт

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе
  • play_arrow

Бразилците лути по ремито во Мадрид: Без ВАР, повеќе нема да играме пријателски натпревари

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо повторно има нова ѕверка, со моќен мотор

Читај повеќе

Ангеловски распали по ФФМ и Милевски: Наместо подобрување, со својата нестручност ја растурија најдобрата генерација

Читај повеќе

Ѓоковиќ и Иванишевиќ ја прекинаа соработката

Читај повеќе