Видал: Во Барса има само 13 професионални фудбалери

Чилеанскиот репрезентативец, кој се наоѓа на излезна врата од Барселона, обвини дека неуспесите на тимот се поради тоа што во составот има само 13 професионалци.

„Изминативе три години не се она што тим како Барселона заслужува. Најдобриот тим на светот не може да има само 13 професионални играчи. Не се победува секогаш со ДНК. Меси е најдобар на светот, вистински вонземјанин, но него му треба помош со цел да се остварат подобри резултати“, вели Видал во интервју за YouTube каналот на Daniel Habif.

Артуро Видал е во Барселона од летото 2018 кога дојде од редовите на Баерн. Претходно настапуваше за Јувентус, Баер Леверкузен и Коло-Коло.

„Никогаш не можев да разберам зошто на играчите им се става етикета 'трансферни'. Тоа е премногу грдо. Ако некој играч сака да си замине или клубот сака да го продаде, најдете му тим, ама не го етикетирајте на тој начин. Секоја личност заслужува почит“, додаде 33-годишниот играч од средниот ред.

Чилеанецот се пожали и на начинот на кој Браселона се обидува да се ослободи од него. И покрај таквиот однос, тој категорично изјави дека нема намера да се пресели кај најлутиот ривал Реал Мадрид и тоа поради почит за Каталонците.

„Јас сега се наоѓам во ситуација кога сум оттурнат од клубот, буквално фрлен како мамка за да видат дали некој ќе сака да ме земе. Сепак, не би заминал во Реал Мадрид од почит кон Браселона“, заврши тој.

Remote video URL
реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Фудбал

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе