Регион

Видео од моментот кога Младиќ беше исфрлен од судница

22. ноември 2017 - 17:11 | Макфакс

Хашкиот трибунал денеска му изрече доживотна казна затвор на поранешниот воен командант на босанските срби генерал Ратко Младиќ.

Кога влезе во судницата, Младиќ беше добро расположен, се смееше, мавташе со рацете и се поздравуваше со луѓето.

Но, во еден момент, пред изрекувањето на пресудата, Младиќ побара одмор, наводно поради висок крвен притисок. Судијата Алфонс Ори дозволи десет минути пауза, но таа продолжи 40 минути.

По враќањето во судницата, судијата почна да ја чита пресудата. Но, тогаш Младиќ побесне и почна да мавта со рацете. Судијата го предупреди, но кога видел дека Младиќ продолжува да вика, го отстрани од судницата.

На крајот пресудата за доживотен затвор Младиќ ја дочека во ходникот на хашкиот суд.

Коментирај