2.МФЛ 2024/2025

Видео-преглед на домашната втора лига: 22 гола на 8 натпревари, Брегалница лидер

Филип Здравески
/ 29.10.2024 / 19:40

Се одигра вонредно коло во домашната втора лига каде на 8 натпревари беа постигнати 22 гола.

Штипските „Сини“ слават еден од головите против Борец; Фото: ФК Брегалница Штип

Брегалница го презеде врвот на второлигашката табела откако со убедлива победа мина лесно против кандидатот за испаѓање од Велес, тимот на Борец. Досегашниот лидер Македонија ЃП одигра без голови на незгодното гостување во Радовиш кај Д. Плачковица и падна на второто место, кое го дели со Башкими 1947 кој лесно мина на гостувањето во Богданци кај новакот Вардарски.

Охрид Лихнидос ја продолжи победничката серија со петта победа во низа откако денеска со три бода се врати од Кочани. Беласица го изненади Скопје со триумф во Железара, а Саса и неготински Вардар успеаја да ги освојат бодовите триумфирајќи на домашен терен против Победа и Новаци.

Немаше победник на дуелот во Гевгелија меѓу Кожуф и Арсими, иако гостите  од 65-тата минута имаа играч помалку.

Стадион „Градски“ во Штип
Брегалница – Борец 4:0 (3:0)
Стрелци: 2′ (аг) Кристијан Јордановски, 5′ Дмитриј Дмитриевски, 30′ (п), 72′ Рејјан Абази
Судија: Христијан Божиновски (Скопје)

Стадион „Градски“ во Радовиш
Дет. Плачковица – Македонија ЃП 0:0
Судија: Александар Грујоски (Кичево)

Стадион „Градски“ во Гевгелија
Кожуф – Арсими 1:1 (1:1)
Стрелци: 22′ Никола Најдовски – 11′ Шефит Шефити
Црвени картони: 65′ Арлинд Алити (А)
Судија: Стојанче Стојанов (Штип)

Стадион „Железарница“ во Скопје
Скопје – Беласица 0:2 (0:1)
Стрелци: 35′ Костадин Капсаров, 90’+2 Кире Стојанов
Црвени картони: 90′+4 Дино Најдоски (С)
Судија: Боби Величков (Велес)

Сртадион „Благој Истатов“ во Кочани
Осогово - Охрид Лихнидос 0:2 (0:0)
Стрелци: Оливер Дишлиевски, 90'+1 Ерен Парталко
Судија: Доне Ристовски (Гевгелија)

Стадион „Градски“ во Богданци
Вардарски – Башкими 1947 0:3 (0:3)
Стрелци: 12′ Бурхан Алији, 19′ Хебиб Саити, 35′ Меметриза Хамза
Судија: Благојче Ралевски (Битола)

Стадион „Градски“ во Македонска Каменица
Саса – Победа 4:1 (2:1)
Стрелци: 4′, 9′ Андреј Симевски, 52′ Дамјан Ќосески, 66′ Махир Ајрули – 29′ Никола Талески
Судија: Сашко Ристов (Струмица)

Стадион „Цвај Арена“ во Неготино
Вардар (Н) – Новаци 3:1 (2:1)
Стрелци: 18′ Петар Најдов, 42′ Кирил Неделков, 81′ Мартин Младеновиќ – 36′ Благој Стојчев
Судија: Пларент Салихи (Тетово)

Хајлајтс од сите натпревари:

Remote video URL

Табела:

Тагови
реклама

Кафе едно евро, вино две: Која е европската дестинација со рајски плажи?

Read more

Израел: Ни се пружи прилика, го убивме началникот на иранската армија

Read more

Европа пред нова автомобилска револуција

Read more

Полицаец предупредувал казина и локали кога ќе има полициски и финансиски контроли

Read more

Фудбал

Уапсени 12 навивачи во Грција: Дилале дрога, ограбувале, палеле...

Read more

Еми Мартинес на Олд Трафорд?

Read more

ФИФА во очај: Ни Меси не помага за продажба на влезници

Read more

Пеп ќе си замине ако нема чистка во Сити

Read more
 

Спорт

Уапсени 12 навивачи во Грција: Дилале дрога, ограбувале, палеле...

Читај повеќе

Еми Мартинес на Олд Трафорд?

Читај повеќе

Шокантна размена во НБА: Орландо ја донесе ѕвездата на Мемфис

Читај повеќе
  • play_arrow

Никола Јокиќ одмара во село со помалку од 100 жители

Читај повеќе

ФИФА во очај: Ни Меси не помага за продажба на влезници

Читај повеќе

Пеп ќе си замине ако нема чистка во Сити

Читај повеќе

Модриќ одби да помине медицински прегледи за Милан

Читај повеќе

Гатузо на чекор да стане селектор на Италија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неочекуван херој ѝ донесе победа за водство на Индијана

Читај повеќе