По паузата поради обврските на репрезентацијата на зелените терени ширум Македонија се врати домашниот фудбал.

Во првата лига во неделата се одиграа сите шест натпревари на кои беа постигнати само 11 голови, што во просек е 1,833 голови по натпревар. Иако само еден натпревар, оној во Охрид, заврши со најнепопуларниот резултат, на дури четиори имаше само 0-2 гола. Образот го обели единствено Работнички, кој пред скопската публика ја Беса 1976 ѝ даде дури 4 гола и тоа откако прво прими гол.
15. коло резултати:
Стадион „Благој Истатов“ во Струмица
Брера Струмица – Струга 1:1 (0:0)
Стрелци: 59’ Димитар Тодоровски – 60’ Хоган Укпа
Главен судија: Александар Грујоски (Кичево)
Стадион Борис Трајковски во Скопје
Гостивар – Тиквеш 1:0 (0:0)
Стрелци: 85’ Елвис Машике
Главен судија: Марјан Младеновски (Скопје)
Национална Арена „Тодор Проески“ во Скопје
Работнички – Беса 1976 4:1 (1:1)
Стрелци: 27’ Содик Рашид, 60’ Марселин Гандо, 65’, 76’ Али Регба – 22’ Октај Ракипи
Главен судија: Александар Ставрев (Скопје)
Стадион „Чаир“ во Скопје
Шкупи – Силекс 0:2 (0:2)
Стрелци: 8’, 44’ Дарко Додев
Главен судија: Јован Качевски (Струга)
Стадион „Атина Бојаџи“ во Охрид
Воска Спорт – Вардар 0:0
Главен судија: Игор Иванов (Велес)
Стадион „Петар Милошевски“ во Битола
Пелистер – Шкендија 0:1 (0:1)
Стрелци: 36’ Флорент Рамадани
Главен судија: Димитар Пилешков (Штип)
Хајлајтс од сите натпревари:
Колото кај второлигашите го одбелеа Дербито на Истокот во Струмица кое штипска Брегалница го доби со минимални 1:0. Вкупно беа постигнати 25 голови, или просечно 3,125 по натпревар. Немаше натпревар без голови, на два беше постигнат само по еден гол, а за просекот да биде голем најмногу се погрижија Саса, Новаци и Македонија ЃП кои постигнаа дури по 5 голови на своите натпревари.
13. коло резултати:
Стадион „Ѓорче Петров“ во Скопје
Македонија ЃП – Вардар (Н) 5:0 (2:0)
Стрелци: 13′, 38′, 49′ Симеон Христов, 71′ Дарко Размоски, 90’+2 Кире Маркоски
Главен судија: Дарко Котевски (Битола)
Стадион „Градски“ во Гостивар
Арсими – Борец 1:0 (1:0)
Стрелци: 4′ Аљбин Рамадани
Главен судија: Дејан Младеновски (Скопје)
Стадион „Благој Истатов“ во Струмица
Беласица – Брегалница 0:1 (0:1)
Стрелци: 34′ Зоран Ивановски
Главен судија: Боби Величков (Велес)
Стадион „Атина Бојаџи“ во Охрид
Охрид Лихнидос – Дет. Плачковица 1:3 (0:2)
Стрелци: 60′ Наумче Бакрачески – 11′, 74′ Иван Настевски, 38′ Анџело Николовски
Црвен картон: 82′ Матеј Андов (О)
Главен судија: Александар Василевски (Скопје)
Стадион „Башкими“ во Куманово
Башкими 1947 – Кожуф 1:0 (1:0)
Стрелци: 12′ (аг) Никола Најдовски
Главен судија: Крумислав Ѓоргиев (Штип)
Стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп
Победа – Скопје 0:2 (0:0)
Стрелци: 83′ Христијан Коцев, 90’+1 Христијан Кировски
Главен судија: Доне Ристовски (Гевгелија)
Стадион „Новаци“ во Новаци
Новаци – Осогово 5:0 (3:0)
Стрелци: 18′ Бобан Здравевски, 30′ Иве Трифуновски, 35′ Михаил Милевски, 77′ Стефан Јовановски, 90′+3 Александар Поповски
Главен судија: Пларент Салихи (Тетово)
Стадион „Градски“ во Македонска Каменица
Саса – Вардарски 5:1 (2:1)
Стрелци: 2′, 57′, 61′ Александар Симов, 24′ Мухамед Бекир, 68′ Дарко Алексовски – 34′ Илија Баламов
Главен судија: Бардиљ Ибраими (Тетово)
Хајлајтс од 7 натпревари:
Заврши есенскиот дел од сезоната во првата лига за фудбалерки, а колото - необично - се одигра во четвртокот наместо за викендот. На четирите натпревари паднаа 25 голови, или 6,25 по натпревар. Најмногу виде тетовската публика каде нивниот миленик Љуботен постигна 10 гола против Речица, а прими 2.
12. коло резултати:
Стадион „Филип Лазаревски“ во Струмица
Тиверија Брера – Скопје 2014 3:0 (2:0)
Стрелци: 2′ Гоја Чеури Харуми, 45′ Теона Галабовска, 74′ Павлинка Николовска
Главен судија: Ирена Велевачкоска (Прилеп)
Стадион „АМС Струга“ во Струга
Ас Јунајтед – Каменица Саса 1:6 (0:4)
Стрелци: 56′ Оливера Цоклеска – 12′ Михаела Гамарт, 19′, 40′, 69′ Антонина Шопска, 27′ Туане џи Соуза Фрагозу, 73′ Ева Андонова
Главен судија: Фатмир Бафто (Охрид)
Стадион „АМС Тетово“ во Тетово
Љуботен – Речица 10:2 (4:2)
Стрелци: 13′, 44′, 60′, 64′, 67′ 80′ Настасја Накова, 23′ Александра Јовановска, 45′ Хава Мустафа, 54′ Елена Симјанова, 73′ Андреа Коловска – 16′, 30′ Емили Митковска
Главен судија: Боби Величков (Велес)
Стадион „Тодорче Мандаровски“ во Скопје
Истатов – Топ Гол 3:0 (2:0)
Стрелци: 5′ Меланија Грозданова, 13′, 73′ Радица Чонева
Главен судија: Вјолца Изеири (Гостивар)
Хајлатс од 2 натпревара: