Дрејк сруши рекорд на Мајкл Џексон стар повеќе од 30 години

Раперот Дрејк стана соло изведувач со најмногу песни број 1 на музичките листи откако „Janice STFU“ се искачи на врвот на листата Billboard Hot 100.

Со ова, канадскиот рапер го сруши долгогодишниот рекорд на Мајкл Џексон за најголем број песни од соло машки изведувач што стигнале до првото место на оваа листа.

Џексон претходно го држеше рекордот со 13 песни на врвот на листата Billboard Hot 100. Неговата хит серија започна со песната „Ben“ во 1972 година, а во текот на 1980-тите имаше девет хитови број еден.

Неговата последна песна број еден, „You Are Not Alone“, дебитираше на врвот на листата во 1995 година, рекорд што го држеше повеќе од три децении.

Новиот успех доаѓа само неколку недели откако Дрејк ги изненади обожавателите со објавувањето на три албуми на 15 мај: Iceman, Habibti и Maid of Honour.

Откако го промовираше Iceman преку преноси во живо и ненајавени најави во текот на изминатите две години, Дрејк откри за време на неговиот последен стрим пред објавувањето дека истата вечер ќе издаде уште два изненадувачки албуми.

Секој проект претставува различна страна од неговата дискографија. Iceman е деветтиот студиски рап албум на Дрејк, а гостуваат и 21 Savage, Future и Моли Сантана.

Албумот содржи остри текстови и критики насочени кон медиумската сцена, вклучувајќи и повици до ASAP Rocky, Џеј-Зи, кендрик Ламар. Леброн Џејмс и Ријана.

Од друга страна, Habibti е опишан од обожавателите како поисполиран R&B проект кој потсетува на претходните музички денови на Дрејк. Maid Of Honour е енергичен денс албум инспириран од електронската музика и клупските звуци на Jersey, и многумина потсетува на неговиот албум од 2022 година Honestly, Nevermind.

Албумите Iceman, Habibti и Maid Of Honour доминираа на музичките листи по нивното објавување, заземајќи ги првото, второто и третото место. Iceman стана и 15-ти албум број еден на Дрејк, надминувајќи го Џеј-Зи како најуспешен соло рап и R&B изведувач.

Дрејк моментално е изедначен со Ријана и Тејлор Свифт со по 38 албуми на листите, што го става на третото место меѓу сите изведувачи, зад Мараја Кери и Битлс.

Покрај тоа, Дрејк го сруши рекордот на Морган Волен за најмногу песни на Billboard Hot 100 за една недела, со вкупно 42 песни. Во исто време, зафаќа девет од 10 места на рангирањето.

Реперот дополнително го прошири сопствениот рекорд со вкупно 90 хитови меѓу десетте најдобри песни во својата кариера и официјално стана првиот изведувач кој надмина 400 записи на листата Billboard Hot 100.

Тагови
реклама

Спа центар на извори стари 80.000 години, ноќевање само 400 денари

Read more

Голем финансиски хороскоп за ЈУЛИ 2026 година

Read more

Клубот му забрани на Белгиецот Дебаст денеска да игра против Шпанија

Read more

Венера влезе во Девица на 9 јули: Што значи тоа за вашиот хороскопски знак?

Read more

Музика

Дрејк сруши рекорд на Мајкл Џексон стар повеќе од 30 години

Read more

Густата магла и лизгавиот пат ѝ помогнале на полицијата да го спаси Кајмакоски

Read more

Големо Коњари транс микс патување

Read more

8 декември 1980 – убиен бил Џон Ленон

Read more

Видео

  • play_arrow

Мајка природа фејл компилација

Читај повеќе
  • play_arrow

Фејл компилација: Замавни и промаши

Читај повеќе
  • play_arrow

Анализа: Зошто ФИФА го откачи Panini?

Читај повеќе

Дрејк сруши рекорд на Мајкл Џексон стар повеќе од 30 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Најскапите фејлови на сите времиња

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрите фејлови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Товарен воз низ Велес

Читај повеќе

Густата магла и лизгавиот пат ѝ помогнале на полицијата да го спаси Кајмакоски

Читај повеќе
  • play_arrow

Големо Коњари транс микс патување

Читај повеќе