Густата магла и лизгавиот пат ѝ помогнале на полицијата да го спаси Кајмакоски

Густата магла и лизгавиот коловоз, по сè изгледа, одиграле клучна улога во спасувањето на Даниел Кајмакоски.

Како што вели извор на српскиот Курир, можно е киднаперите, поради намалената видливост, да се дезориентирале и на кружниот тек кај Рума пропуштиле да скршнат во планираниот правец, па продолжиле право и изгубиле контрола над возилото, кое излетало од патот и удрило во банкина.

„Токму тој тек на околности доведе до прекин на нивната намера. Интересно е што киднаперите, заедно со жртвата во автомобилот, успеале да поминат две наплатни рампи – во Шимановци и во Рума. Но, ударот во заштитната ограда го запрел нивното бегство. Откако го оштетиле автомобилот, двајцата осомничени, за кои се верува дека се турски државјани, продолжиле да бегаат пеш. Истрагата продолжува, а надлежните ги испитуваат сите околности, вклучително и движењето на осомничените пред инцидентот“, изјавил изворот.

Според досегашните информации двајца странци во ноќта меѓу сабота и недела го пресретнале Кајмакоски по негов настап во локал во белградската „Бетон хала“. Со закана со нож и пиштол му наредиле да влезе во своето бело Volvo, каде што го врзале. Киднаперите од пејачот барале 20.000 евра.

„Прво се обидела да ги запре патрола на сообраќајна полиција во Белград, но откако возачот на Volvo-то не застанал, туку дал гас, се активирале алармите. Наскоро некој од блиските на пејачот ја повикал полицијата и пријавил дека ‘исчезнал’. Во потрагата, покрај сообраќајната полиција, се вклучиле и други полициски единици. Белото Volvo било пронајдено на автопатот кај исклучокот за Рума, каде што имало сообраќајна незгода, односно удрило во банкина“, додава изворот.

Полицијата во возилото го пронашла пејачот, кој бил во шок. Киднаперите сè уште се во бегство, а потрагата продолжува.

реклама

Левица: Партијата која ги распродаде фабриките и остави илјадници стечајци не може да држи лекции за минимална плата

Read more

Запленети 43 тони кокаин: Секна рутата од Латинска Америка кон Европа

Read more

Volkswagen ги послуша критиките на возачите

Read more

По 500 дена пекол Кулушевски одигра натпревар

Read more

Музика

Евровизија ги менува правилата за натпреварување, едно се однесува на земјите вклучени во вооружен конфликт

Read more

Дрејк сруши рекорд на Мајкл Џексон стар повеќе од 30 години

Read more

Густата магла и лизгавиот пат ѝ помогнале на полицијата да го спаси Кајмакоски

Read more

Големо Коњари транс микс патување

Read more

Видео

  • play_arrow

Најдобрите фејлови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрите фејлови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатни железнички моменти овековечени на камера

Читај повеќе
  • play_arrow

Фејл компилација - најдобрите фејлови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Фејл компилација - најлоши работници

Читај повеќе
  • play_arrow

Фејл компилација: Кога глупоста води до катастрофа

Читај повеќе

Евровизија ги менува правилата за натпреварување, едно се однесува на земјите вклучени во вооружен конфликт

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрите фејлови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Хуманоиден робот се струполи на сцена на саем во Тајван

Читај повеќе