Калиопи објави нова песна и спот
Калиопи денеска во Белград ја претстави својата нова песна со наслов „Dobro veče i laku noć“ (Добра вечер и лека ноќ).
Автор на музиката, текстот, аранжманот и на продукцијата е повторно Ромео Грил. Видеото за песната го изработи Александар Ристовски-Принц.
Песната „Dobro veče i laku noć“ е достапна на сите дигитални платформи.