Од вселенските авантури на Starfield до новиот дел на легендарната Diablo, ова се игрите кои очекуваме дека ќе ја обележат 2023 година.
2023 година, судејќи според бројот на хит игри кои беа одложени во 2022 година, ќе биде многу интересна година за видеоигрите. На хоризонтот има некои наслови кои на големите издавачи ќе им донесат милиони долари, додека гејмерите ќе бидат задоволни поради прилично големиот избор на наслови.
Новата година би можела да донесе рекорден број на наслови, иако, како и во случајот со 2022 година, неминовно е барем дел од очекуваните игри да ги видиме дури следната година.
Што се однесува до гејмерските трендови, тешко е да се предвидат, но едно е сигурно, а тоа е дека E3 ќе се врати во средината на јуни и ќе ни помогне подобро да разбереме што можеме да очекуваме од гејмерската индустрија во текот на вториот дел на годината и понатаму.
Имаме и голем број на гејмерски адаптации за ТВ и филм. Во јануари ќе ја гледаме долгоочекуваната серија на HBO The Last of Us, адаптација на легендарниот наслов Naughty Dog. Во март ќе биде објавена биографската драма Tetris, која се занимава со правната битка за правата на една од најраните суперигри. Во април ќе пристигне анимираниот Super Mario Bros, додека Нил Бломкамп ќе ја направи адаптацијата на Gran Turismo.
На крајот, најмногу од сè со нетрпение ги очекуваме игрите кои ќе ни пружат часови дигитална забава и ќе ги разбудат нашите вештини, креативност и емпатија.