Виџетот за сообраќај во близина наскоро доаѓа на Google Maps

Апликацијата Maps на Google за уредите со Android наскоро ќе добие корисна нова функција.

Станува збор за новиот виџет Nearby Traffic, кој корисниците на Android ќе го добијат во наредните недели. Овој додаток ќе им обезбеди на корисниците информации за состојбата во сообраќајот во нивната непосредна област и ќе биде прикажан на почетниот екран на Android. Корисниците ќе можат да го проверуваат сообраќајот околу нивната локација со едноставно допирање на виџетот без да ја стартуваат апликацијата Google Maps. Зумирањето ќе биде можно и благодарение на специјалните копчиња.

Google го покажа изгледот на виџетот кој се појавува во големина 2x2.

Виџетот ќе прикажува мапа со јасно означена моментална локација како сина точка во центарот на виџетот. Засега не е познато дали виџетот може ќе да се зголемува или не.

Google претходно објави дека Google Maps ќе ја пресметува цената на патарините на дадена рута за патување. Оваа функција беше најавена во април, а сега им се дава на првите корисници во Индија, Индонезија, Јапонија и САД, а се очекува и во други земји. Корисниците ќе можат да ги дознаат цените на патарините пред почетокот на патувањето, а ќе имаат и можност да изберат рути без патарина.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Софтвер

WhatsApp добива AI chatbot

Read more

Apple ја отвори App Store за емулатори на ретро игрици

Read more

Microsoft во цел свет ги одвојува Teams и Office

Read more

Instagram има скриена игрица - како да се најде?

Read more
 

Гик

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе
  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе