Живот

Виена наградува: Билет за култура ако не користите автомобил

27. јануари 2020 - 20:36 | МИА

Градот Виена денска претстави мобилна апликација со чија помош жителите кои користат градски превоз, велосипед или одат пеш да добијат бесплатен билет за музеј или за претстава.

На секои 20 килограми „заштеден“ јаглерот диоксид со тоа што не се користи автомобил, со помош на системот за следење што го препознава користениот вид превоз, се добива „жетон за култура.“

Потоа, секој жетон може да се размени за билет во музеј, за на изложба, концерт или во театар.

Менаџерот на проектот, Кристина Хубин, рече дека жетонот може да се заработи во просек за 15 дена редовно користење на алтернативните превозни средства за одење и враќање од работа.

– Намалувањето на јаглерод диоксид сакаме да го наградиме со културно доживување, рече градскиот советник надлежен за дигитализација Питер Ханке на прес-конференција.

Австриската коалициска влада, која ги вклучува Конзервативците и Зелените, официјално ја презеде функцијата на почетокот на јануари, и сака да постигне климатска неутралност до 2040 година, десет години пред европскиот план.

Коментирај