Виенските музеи се префрлија на OnlyFans откако ги цензурираа поради голотии

Виенското туристичко биро отвори профил на страницата за возрасни OnlyFans со изговор дека тоа очигледно е единственото место каде нивните музеи ожат да ја објават својата гола уметност.

Австрискиот главен град Виена е дом на некои од најпознатите светски уметнички дела, а многу од нив прикажуваат голотија.

„Најпопуларните социјални мрежи имаат политика на неприкажување и цензурирање на таквите дела“, велат од Vienna Tourist Board, објаснувајќи зошто се решиле на ваквиот чекор.

Откако веќе се зачлени на OnlyFans, виенската уметност доби и промотивно видео на кое се прижани разголените дела од Петер Паул Рубенс и Егон Шиле со кои се наведуваат посетителите да ги посетат за да видат повеќе од оваа уметност.

Remote video URL

Музеите Албертина, Леополд, Уметничкиот Музеј и Природонаучниот Музеј се дел од OnlyFans проектот. Тие од неодамна станаа жртви на новиот бран на „чистота“ кој почна да доминира по социјалните мрежи и се цензурирани насекаде онлајн, а личните профили кои ги објавуваат нивните „контроверзни“ дела добиваат казни.

Во јули, TikTok профилот на музејот Албертина беше блокиран поради објавување на дело од јапонскиот фотограф Нобујоши Арака, на кое се гледаше замаглена женска дојка. Во 2019 година истиот музеј беше нападнат од Instagram поради прекршување на стандардите откако имаше објавено слика од Рубенс.

Музејот Албертина

Музејот Леополд годинава си отвори проблем со Facebook и Instagram откако објави промотивно видео кое вклучуваше дела од Коломан Мозер и кои алгоритмите на овие социјални мрежи ги обележаа како порнографски материјал.

Најнелогичната и воедно смешна цензура се случи во 2018 кога Facebook ја избриша од профилот на Природонаучниот Музеј сликата од 25 илјади години старата фигурина наречена Венера од Вилендорф, со објаснување дека се работи за порнографски материјал.

„Порнографската“ фигурина

Сите оние кои ќе се зачленат на OnlyFans профилот на виенските музеј ќе добијат карта за разгледување на градот и бесплатен билет за влез во еден од музеите каде ќе можат на лице мест да видат дел од овие „срамотни“ дела.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Чек дис аут

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Read more

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Read more

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе