Виетнам со хит песна се бори против корона вирусот
Виетнамскиот институт за здравство реши да ги едуцира жителите на интересен начин, со песна и спот во кои се објаснува што е вирусот и какви мерки се потребни за заштита од него.
Оригиналниот наслов е „Ghen Cô Vy“ што во слободен превод значи „Љубоморен корона (вирус)“. Cô и Vy се всушност два збора и во игра на зборови прават Covid-19. Музиката е на Как Хун, а пеат Мин и Ерик, сите тројца виетнамски музичари.
Во Виетнам досега заболени од вирусот се вкупно 31 лице од кои 16 веќе се излекувале. Нема смртни случаи.