„Викенд вежбачите“ имаат здраво срце како да вежбаат секој ден

А.С.
/ 13.09.2023 / 10:53

Една неодамнешна студија покажа дека редовната умерена до енергична физичка активност во текот на неделата има слични ефекти врз кардиоваскуларното здравје како и умерената до енергична физичка активност во текот на еден до два дена - обично за време на викендот, пишува Medical News Today.

И „ викенд вежбачите“ и оние кои редовно вежбале во текот на неделата имале помал ризик од срцев удар, атријална фибрилација, срцева слабост и мозочен удар, покажаа резултатите од студијата објавена во JAMA Trusted Source.

Физичката активност е несомнено корисна за благосостојбата на кардиоваскуларниот систем, но со оглед на денешниот брз начин на живот, често е тешко поединците да се вклучат во редовни активности во текот на работната недела.

Тренинг за време на викендите во споредба со тренинзи во текот на неделата

Истражувачите потсетија дека препораката за физичка активност е околу 150 минути умерена до енергична физичка активност неделно. Тие сакаа да откријат дали има разлика во здравствените придобивки на две групи вежбачи - луѓе кои кондензираат умерена до енергична физичка активност во два дена во неделата (т.н. вежбачи за викенд) и оние кои ја распределуваат својата физичка активност порамномерно во текот на неделата.

За да направат прецизна споредба, тие во студијата вклучиле и група вежбачи чија физичка активност изнесувала помалку од 150 минути неделно. Оваа група не го достигна препорачаниот неделен праг на вежбање и затоа се сметаше за неактивна.

Студијата опфатила 90.000 испитаници со просечна возраст од 63 години

Во истражувањето учествувале речиси 90.000 луѓе со просечна возраст од 63 години. Сите учесници носеа акцелерометри на зглобовите една недела за да го забележат нивото на физичка активност.

Врз основа на нивото на активност, истражувачите ги класифицираа учесниците како вежбачи за викенд, оние кои редовно вежбаат во текот на неделата и оние кои се неактивни.

Групата викенд-вежбачи ја сочинувале околу 42 отсто од испитаниците, 24 отсто биле во групата што редовно вежба, а 33,7 отсто биле оценети како неактивни. Кога ги анализирале податоците, научниците ги земале предвид факторите како возраста, степенот на образование и пушењето.

По шестгодишно следење на учесниците во студијата, се покажа дека ризикот од развој на срцев удар во споредба со физички неактивните луѓе е 35 отсто помал кај дневно активните луѓе и 27 отсто помал кај вежбачите за викенд.

Ризикот од развој на атријална фибрилација и срцева слабост во двете групи бил ист - 20 до 27 проценти помал. Слични резултати биле пронајдени кај луѓе кои вежбале во просек околу 230 минути неделно.

Важна е целокупната активност, а не нејзиното времетраење

Авторот на студијата д-р Шаан Куршид од Центарот Демулас за срцеви аритмии во Општата болница во Масачусетс изјави за Medical News Today дека резултатите сугерираат дека и шемите на активност на вежбачите за викенд и поконзистентни обрасци на активности во текот на неделата се поврзани со слично намалување на ризикот од срцев удар, срцева слабост, атријална фибрилација и мозочен удар во споредба со неактивни лица.

Целокупната активност, а не времето, се чини дека е важна за подобрување на кардиоваскуларното здравје д-р. Џон Бахадорани, интервентен кардиолог во Институтот за кардиоваскуларно здравје при Медицинскиот центар Седлбек во Лагуна Хилс, Калифорнија, кој не бил вклучен во студијата, пред МНТ ги посочи клучните придобивки од вежбањето и физичката активност.

„Вежбањето е од суштинско значење за здравјето на кардиоваскуларниот систем бидејќи позитивно влијае на срцето и крвните садови. Редовната физичка активност го зајакнува срцевиот мускул, го намалува крвниот притисок, го намалува лошиот холестерол (LDL), а го зголемува добриот холестерол (HDL). Во исто време, помага да се одржи здрава тежина, ја подобрува циркулацијата на крвта и способноста на телото ефикасно да го користи кислородот“, рече тој.

реклама

5 апликации кои треба да ги избришете пред да ви ја „исчистат“ банкарската сметка

Read more

Илон Маск го исмева Зеленски кој бара помош за одбрана од руската агресија

Read more

Како да го светнете стаклото на туш кабината?

Read more

Голем месечен хороскоп за октомври: Кој ќе доживее трансформација на годината?

Read more

Фит

Како да вежбате за да ги стопите „спојлерите“?

Read more

Утринска навика поради која хормоните ви дивеат и се дебелеете

Read more

Несвесна грешка при изборот на појадок придонесува за дебелеење

Read more

Зошто велосипедот треба да стане вашето редовно превозно средство?

Read more
 

Магазин

Кое време од денот е најдобро за секс?

Читај повеќе
  • play_arrow

Канаѓанец го собори светскиот рекорд за брзо јадење лути пиперчиња

Читај повеќе

Зошто треба да ја миеме бананата пред да ја излупиме?

Читај повеќе

Лекари објаснија што се случува во телото кога ќе се откажеме од кафе

Читај повеќе
  • filter

Ретро-футуризам: Илон Маск гради мегабензинска станица со кино и ресторани каде ќе работат роботи

Читај повеќе

Заеднички живот: Дали сте подготвени да се преселите под ист покрив?

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да го светнете стаклото на туш кабината?

Читај повеќе
  • filter

Скопски моден фестивал и Моден викенд Скопје го размрдаа модерно Скопје

Читај повеќе

Особини по кои ќе ги препознаете емоционално незрелите родители

Читај повеќе