Викенд за уживање: Дури 6 градски дербија ширум Европа

Филип Здравески
/ 16.10.2020 / 20:35

Милано, Ливерпул, Глазгов, Москва, Белград и Ротердам викендов ќе бидат центрите на фудбалска Европа бидејќи во секој од нив се игра големо градско дерби.

Оваа сабота и недела за љубителите на фудбалот ќе биде празничен викенд. Од Шкотска до Србија, од Италија до Русија, дури шест градски дерби натпревари се на програмата.

Проблем ќе претставува само тоа што дербито на Ливерпул и дербито на Глазгов се играат во истиот термин во сабота. Токму овие два натпревара и ќе го отворат фудбалскиот дерби викенд.

Сабота, 13:30, Мерсисајд дерби
Евертон - Ливерпул

По 203. пат во најсилната англиска лига ќе се сретнат лутите ривали Евертон и Ливерпул. Гостите имаат 78 победи, домаќините имаат 57, а 67 пати играле нерешено. Сезонава тимот на Карло Анчелоти се наметна како одлично освежување во Премиер лигата, додека избраниците на Јирген Клоп со бламажата против Астон Вила покажаа дека се и тоа како ранливи.

Сабота, 13:30, Олд Фирм
Селтик - Ренџерс

Големото дерби на Шкотска ќе се игра по 320. пат, а подобар е Ренџерс со 122 победи наспроти оние 110 на Селтик кој, пак, доминира последниве години. 87 пати играле нерешено.

Сабота, 18:00, Дерби дела Мадонина
Интер - Милан

Веројатно најсликовитото дерби на Стариот континент овој пат ќе биде без препознатливите кореографии на навивачите. Ќе се игра по 195. пат, Интер има 74 победи, Милан 62, а 58 пати играле нерешено.

Недела, 12:15, Ротердам дерби
Фејнорд - Спарта

Откако Спарта се врати во најдобрата холандска лига, се врати и градското дерби кои сега ќе се игра по 108. пат. Убедливо во победи води Фејнорд со 65 наспроти само 18 на Спарта, а 24 пати ремизирале.

Недела, 15:30
ЦСКА - Динамо

Иако на овие два московски клуба главните дербија им се против Спартак, и меѓусебната пресметка важи за луто ривалство уште од советско време. Од првата пресметка пролетта 1936 година до сега се одиграни точно 150 лигашки натпревари, а во победи води Динамо со 54, ЦСКА има 51, а 45 пати играле нерешено.

Недела, 17:00, Вечити дерби
Партизан - Црвена Звезда

Викендот ќе се затвори со вечното белградско дерби каде играњето пред празни трибини овој пат гарантира дека ќе мине без инциденти, освен ако нема по некоја пресметка низ градските улици. Почнувајќи од поранешна Југославија, до денес се одиграни 162 дербија на кои Звезда води со 64 победи, Партизан има 47, а 51 пат играле нерешено.

реклама

Месечината во Риби на 14 јули им носи среќа на 3 хороскопски знаци

Read more

Пристигна првата реакција на Русија на ултиматумот на Трамп

Read more

Русите први туристи во новото одморалиште во Северна Кореја

Read more

Украинците покажаа како со германско оружје уништуваат руски дронови

Read more

Фудбал

Читач од усни откри што му кажа Трамп на Палмер кога му ја даде Златната топка за најдобар играч

Read more

Модриќ нема да ја носи „десетката“ во Милан

Read more

Модриќ во Милано: Мило ми е што сум тука

Read more

Челси се збогати во САД, Палмер и другарите заработија над 100 милиони евра

Read more
 

Спорт

Читач од усни откри што му кажа Трамп на Палмер кога му ја даде Златната топка за најдобар играч

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Модриќ нема да ја носи „десетката“ во Милан

Читај повеќе

Рафаел Надал ќе му биде ментор на Александар Зверев

Читај повеќе
  • play_arrow

Модриќ во Милано: Мило ми е што сум тука

Читај повеќе

Челси се збогати во САД, Палмер и другарите заработија над 100 милиони евра

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатна сцена: Трамп одби да го напушти подиумот при прославата на играчите на Челси

Читај повеќе

Рекордна година: Колку заработи Синер со освојувањето на Вимблдон?

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос на крајот од финалето ПСЖ - Челси, бесниот Луис Енрике удри играч

Читај повеќе

Леброн ги напушта Лејкерс?

Читај повеќе