Денес ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои ќе се интензивираат во вечерните и ноќните часови. Пообилни врнежите ќе бидат во западните делови, каде на места ќе наврнат над 35 л/м2.
Во наредните денови врнежи од снег најпрво ќе има само на повисоките планини, а до недела наутро снежната граница ќе се спушти до околу 1.500 метри надморска височина.
Утре ќе дува засилен, на моменти силен јужен ветер (над 90км/ч). Во недела претпладне сè уште ќе има локални врнежи, а до крајот на денот облачноста ќе се намали и ќе настапи преодно стабилизирање на времето.