Викендов ќе се одлучува за отворање на границите без тест и изолација

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека викендов со Комисијата за заразани болести ќе дискутираат за отворање на границите од почетокот на следната недела без приложување ПЦР тест и примна на мерките за изолација.

– Со оглед на тоа што не можеме да живееме затворени и  тоа што апсолутно целиот регион, еве сега со нови податоци, со исти епидемиолошки ризик, овој викенд ќе имаме состанок со Комисијата за заразни болести и ќе разговараме за отворање на границите од следната недела.  Веднаш после заклучокот после препораката, којшто ќе се темели на анализите, ќе ја соопштиме таа одлука на јавноста, рече министерот Филипче во гостување на ТВ Канал 5.

Претходната одлука, појасни,  беше да се отворат сите затворени гранични премини со препораките што важат сега, но со оглед на тоа што во целиот регион епидемиолошкит ризик е еднаков, веќе се отвораат и аеродроми, се отвора цела Европа, насекаде во светот и секаде се препорачуваат истите мерки, секаде важат истите принципи на превенција, така што одлуката ќе биде да се отворат границите целосно, без карантини и без Пи-Си-Ар тестирање.

– Ќе носиме одлука и ќе дискутираме викендов некаде за почетокот на следната недела, изјави Филипче.

Владата пред три дена донесе одлука да се отворат сите гранични премини во земјава со примена на мерките што се активни, при што за влез во држвава е задолжително да се приложи валиден негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа. Во сила останаа и мерките за потпишување „Изјава за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена“, врз основа на која Државниот санитарен и здравствен инспекторат изготвува Решение за здравствен надзор и домашна самоизолација, како и мерката за државен карантин во траење од 14 дена, за сите граѓани или странци со регулиран престој во земјава, коишто при влез на територија на Северна Македонија нема да приложат валиден ПЦР тест или ќе приложат невалиден ПЦР тест.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Read more

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Read more

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Read more

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Читај повеќе

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе