Викендов почнува 29. сезона во македонската фудбалска лига

Филип Здравески
/ 07.08.2020 / 15:57

Со утрешниот воведен натпревар помеѓу Вардар и Борец ќе биде отворена сезоната од 29-тото издание на македонската Прва лига.

Откако минатата сезона заврши неславно со прекин поради пандемијата со коронавирусот и воопшто не продолжи, а ниту пак беше прогласен шампион, дојде време за новата сезона која е 29-та откако Македонија е независна држава. Бидејќи лани никој не испадна, оваа сезона бројот на учесници се зголеми на 12.

Иако последни ги започнаа подготовките, пред едвај десетина дена, играчите на Вардар ќе мора да стегнат заби и да ја отворат сезоната и тоа против тврдиот состав на Борец, кој пак со оглед на егзодусот од Вардар, е фаворит на утрешниот натпревар. Натпреварот почнува во 17:30, ќе се игра без публика, но ќе оди директен пренос на МРТ1 и МРТ3.

Национална Арена „Тоше Проески“ во Скопје
Вардар - Борец
Судија: Александар Ставрев (Скопје)

Сите останати натпревари се на програмата в недела, исто така од 17:30 часот. Интересно се очекува да биде на албанската пресметка меѓу Шкупи и Шкендија, чии натпревари во минатото беа одбележани со големо ривалство. Шкендија сезонава е прв фаворит за титулата. Токму овој натпревар ќе оди во живо на МРТ1 и МРТ3 во неделниот термин.

Двата тима кои доаѓаат од Втората лига, Беласица и Пелистер, сезоната ќе ја почнат на домашен терен и во потрага во 3 бода. Струмичани ќе го нагостат претставникот во Лигата на шампиони, Силекс, додека битолчани ќе го пречекаат тимот на Академија Пандев.

Локална скопска пресметка ќе има во населбата Ѓорче Петров помеѓу прилично ослабениот состав на домаќинот Македонија ЃП и тимот на Работнички кој се најавува како конкурент за титулата.

Од сите останати натпревари директен пренос ќе оди на платформата на ФФМ за интернет стриминг.

Стадион „Чаир“ во Скопје
Шкупи - Шкендија
Судија: Јован Качевски (Струга)

Стадион „Ѓорче Петров“ во Скопје
Македонија ЃП - Работнички
Судија: Јосип Бартон (Скопје)

Стадион „Благој Истатов“ во Струмица
Беласица - Силекс
Судија: Александар Грујоски (Кичево)

Стадион „Под Тумбе Кафе“ во Битола
Пелистер - Академија Пандев
Судија: Игор Стојчевски (Скопје)

Стадион „Градски“ во Тетово
Ренова - Струга
Судија: Марјан Гоцевски (Струмица)

Remote video URL

Најквалитетната македонска фудбалска лига својата воведна сезона ја имаше во 1992/93 кога Вардар убедливо ја освои титулата пред Силекс и Балкан. Претходно лигата беше дел од југословенскиот фудбалски систем како трето или четврто ниво.

Досегашни победници:
10 - Вардар
4 - Работнички
3 - Силекс, Слога Југомагнат, Шкендија
2 - Победа
1 - Македонија ЃП, Ренова

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе