Викендов топло, од вторник пад на температурата под нула

Скопје, 8 февруари 2019 (МИА) – Претстојниот викенд ќе имаме топло време со температура до 17 степени, по што од вторник следува пад на температурата кога во утринските часови ќе биде под нулата, а дневната максимална ќе достигне до пет степени.

Викендот времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински  температури, а дневните ќе бидат во пораст.

По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Утринската температура ќе се движи од минус седум до два степена, а дневната од четири до 13 степени.

Најтопло ќе биде во понеделник кога ќе дува засилен јужен ветер што ќе предизвика значителен пораст на темпратурата што ќе достигне до 17 степени.

Утринската ќе се движи од минус 1 до 5 степени. Попладнето се очекува од запад да почнат врнежи претежно од дожд што преку ноќта во западните делови ќе преминуваат во снег и ќе имаат пообилен карактер.

Од вторник се очекува заладување со локални врнежи од снег со слаб до умерен интензитет и ќе се формира нова снежна покривка и на пониските места.

Во вторник утринската температура ќе се движи од минус 2 до 4, а дневната од минус 1 до 8 степени. Во среда утринската од минус 6 до 2, а дневната од минус 2 до 6 степени, во четврток ќе биде најстудено кога утринската ќе се спушти до минус 12 степени, а највисоката утринска ќе биде исто така во негатива од минус 3 степени. Дневната во четврток ќе се движи од минус 1 до 7 степени.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Македонија

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Read more

Одрони на неколку патни правци

Read more

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Read more

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Read more
 

Вести

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе