Викинзите стигнале во Северна Америка пред Колумбо

Патувањето на Викинзите претставува повеќекратна пресвртница за човештвото, а населбата на северот од канадскиот остров Њуфаундленд го нуди најстариот познат доказ за преминување на Атлантскиот Океан.

Долго пред Колумбо да го премине Атлантикот, осум згради со дрвени рамки покриени со трева стоеле на рид над тресетните мочуришта и потоци на северниот врв на канадскиот остров Њуфаундленд, доказ дека Викинзите први пристигнале во Новиот свет, објави The Guardian.

Но, точниот момент кога Викинзите отпатувале за да ја основаат населбата L'Anse aux Meadows остана нејасен - досега.

Научниците соопштија дека новата техника за датирање, која како референтна точка користи древна сончева бура, открила дека населбата постоела пред 1021 година, односно 471 година пред првото патување на Кристофер Колумбо.

Техниката беше искористена на три парчиња дрво исечени од населбата, и сите резултати укажаа на истата година.

Првото човечко општество што го преминало Атлантикот

Патувањето на Викинзите претставува повеќекратна пресвртница за човештвото, а населбата го нуди најстариот познат доказ за прекуокеански премин.

Исто така, го означува местото каде што човекот го завршил кругот околу целиот свет откако изодел до Северна Америка илјадници години порано преку копнениот мост што некогаш го поврзувал Сибир со Алјаска.

„Овие северноевропејци заслужуваат пофалби затоа што се првото човечко општество што го премина Атлантикот“, вели гео-научникот Мајкл Ди од Универзитетот во Гронинген во Холандија, кој ја предводеше студијата, чии резултати беа објавени во списанието Nature.

Викинзите биле морнари од скандинавски татковини: Норвешка, Шведска и Данска. Тие се движеле низ Европа, понекогаш колонизирајќи области, а исто така тргувале и со други области. Поседувале извонредни вештини за бродоградба и навигација и основале населби во Исланд и Гренланд.

Патување со цел откривање, но и потрага по суровини

„Мислам дека може да се опише патувањето како патување со цел откривање, но и потрага по нови извори на суровини. Многу археолози веруваат дека главната мотивација за нивната потрага по овие нови територии била откривањето на нови извори на дрво. Генерално се верува дека тие го напуштиле Гренланд, каде што дрвото погодно за градба е исклучително ретко“, рече Ди.

Нивните дрвени пловила се движеле со едра и весла. Еден зачуван примерок, наречен бродот Осеберг, е долг 21,6 метри.

Викиншката ера традиционално се дефинира како време од 793 до 1066 година, што претставува широк временски опсег за трансатлантскиот премин.

Конвенционалното радиокарбонско датирање се покажа премногу неточно за да се одреди староста на L'Anse aux Meadows откриена во 1960 година, иако постоеше општо верување дека датира од 11 век.

Во населбата живееле околу 100 Викинзи

Новиот метод за датирање се потпира на фактот дека соларните бури создаваат препознатлива радиокарбонска трага во прстените на годишниот раст на дрвото. Познато е дека имало значителна сончева бура - ерупција на високоенергетски космички зраци од Сонцето - во 992 година.

Во сите три испитани парчиња дрво, од три различни дрвја, формирани се 29 прстени за раст по оној што носи докази за сончевата бура, што значи дека дрвјата биле исечени во 1021 година, рече археологот Маргот Куитемс од Универзитетот во Гронинген, автор на студијата.

Дрвото не го исекле домородните жители бидејќи постојат докази за метални сечила што тие не ги поседувале, рече Ди.

Времетраењето на викиншката населба останува нејасно, иако можеби траела една деценија или помалку, и можеби имала околу 100 Викинзи во населбата во секој даден момент, рече Ди.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Вести

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Read more

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Read more

Заврши историската приватна мисија на Intuitive Machines, лендерот заспа засекогаш

Read more

Повлечена студијата која тврди дека во Индонезија е пронајдена 27.000 години стара пирамида

Read more
 

Гик

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Читај повеќе

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Читај повеќе

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе

Драмата продолжува: TikTok под истрага, ѝ се заканува тужба

Читај повеќе
  • filter

Vivo ја претстави новата X Fold3 серија смартфони

Читај повеќе