Вил Смит отворено за оскаровската шлаканица: Едноставно се изгубив

Откако извесно време беше далеку од очите на јавноста, Вил Смит се појави во The Daily Show на Тревор Ноа, за промоција на новата историска драма „Emancipation“. Меѓу другото, проговори и за инцидентот на Оскарите, кога му удри шлаканица на Крис Рок.

„Тоа беше ужасна ноќ, како што може и да си замислите. Има многу нијанси и сложеност во тоа. Но, на крајот, едноставно се изгубив. И сам минував низ нешто таа вечер. Не дека тоа го оправдува моето однесување. Имаше многу нешта. Тоа беше како сцена на „мало момче кое го гледа татко си како ја тепа мајка му“. Сѐ тоа прекина во тој миг. Тоа не е она што сакам да бидам!“, изјави оскаровецот.

Смит се потсети и на една анегдота по Оскарите.

„Мојот внук има само девет години. Тој е најслаткото мало момче. Дојдовме дома. Тој остана буден до доцна за да го види вујко Вил. Седиме во мојата кујна, го држам в скут, па држејќи го Оскаров ме праша зошто го удрив човекот“, раскажа актерот.

Јавно соопшти дека се кае за немилиот настан, но се надева дека инцидентот нема да влијае на успехот на неговиот нов филм.

„Целосно ќе разбирам ако некој не е подготвен да го погледне филмот. Апсолутно ќе го почитувам тоа. Но, мојата најголема грижа е мојот тим. Луѓето ги завршија најдобрите работи во целата моја кариера и се надевам дека моите постапки нема да ја казнат екипава“, нагласи Смит.

Прикажувањата на филмот требаше да почнат во мај годинава, но беа одложени поради случката на Оскарите. Филмот ќе се појави во американските кина во текот на неделава, а ќе биде достапен и на стрим-платформта Apple TV+ почнувајќи од 9 декември. 

Remote video URL
Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Филм & ТВ

Шестиот дел од култниот Pirates of the Caribbean ќе се снима без Џони Деп

Read more

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Read more

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Read more

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Read more
 

Сцена

Шестиот дел од култниот Pirates of the Caribbean ќе се снима без Џони Деп

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Читај повеќе
  • play_arrow

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Читај повеќе
  • play_arrow

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Читај повеќе
  • play_arrow

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Читај повеќе

Ен Хатавеј смета дека освојувањето Оскар негативно ѝ влијаело на кариерата

Читај повеќе

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Почина Мирко Попов

Читај повеќе