Вилијан емотивно се збогува од Челси, навивачите огорчени од трансферот кај најголемиот ривал

Бразилецот Вилијан (32) со емотивна порака се збогува од Челси откако стана јасно дека ќе замине од клубот. Кариерата ќе ја продолжи во Арсенал со кој веќе ги договори сите услови.

Вилијан во 2013 година стигна во Челси и оттогаш одигра вкупно 399 натпревари за овој клуб, постигна 63 голови и запиша 62 асистенции.

Во збогувањето рече дека донел правилна одлука во 2013 година да дојде во Челси, но дека сега е време да продолжи понатаму.

„Ова беа одлични седум години. Во август 2013 година кога ја добив понудата од Челси знаев дека тоа е местото кадешто сакам да играм, а денес сум сигурен дека ја донесов вистинската одлука. Имаше многу среќни и некои тажни моменти, освоив и по некој трофеј и секогаш беше тензично.

Сега дојде време да продолжам понатаму, а најмногу ќе ми недостигаат соиграчите и вработените во клубот кои со мене се однесуваа како кон син. Секако, ќе ми недостигаат и навивачите и заминувам со крената глава бидејќи знам дека овде освоив нешто и секогаш давав сѐ од себе во дресот на овој клуб.

Од срце се заблагодарувам на сите и нека ве чува Господ“, напиша Вилијан на Twitter.

URL

Сепак, бројни навивачи на Челси сепак се огорчени и не можат да му простат на Бразилецот што замина токму кај најголемиот градски ривал.

Вилијан во Арсенал ќе премине без обештетување, а главни причини за неговото заминување кај најжестокиот ривал се големата желба на Микел Артета да го донесе во своите редови, можноста да остане во Лондон и обновената дружба со Давид Луиз кој го продолжи договорот со „Топџиите“.

Тагови
реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Фудбал

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Read more

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Read more

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Read more

Салцбург се израдува на испаѓањето на Арсенал - му донесе пласман на клупскиот Мундијал

Read more
 

Спорт

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе

Салцбург се израдува на испаѓањето на Арсенал - му донесе пласман на клупскиот Мундијал

Читај повеќе

Нојер го урна рекордот на Касиљас во Лигата на шампионите

Читај повеќе
  • play_arrow

Вајт прв во историјата на Чикаго го повтори подвигот на Џордан, Филаделфија во плеј-офот

Читај повеќе

Џонтeј Портер доживотно суспендиран од НБА

Читај повеќе

Надал елиминиран од Де Минор

Читај повеќе
  • play_arrow

Евролигата ригорозно го казни Теодосиќ: 15 илјади евра и 2 меча суспензија

Читај повеќе