Винисиус му го „пукнал филмот“ на Тони Крос

Винисиус Жуниор е човек за кој на големо се зборува во светските медиуми.

Причината секако се сцените на Местаља каде навивачите на Валенсија го навредуваа на расна основа, а младиот Бразилец доби поддршка од целиот свет. Вини не е многу популарен во Шпанија и наводно доста ги нервира соиграчите во Реал.

Винисиус Жуниор не е омилено лице низ Шпанија. Поради арогантното однесување, често е во конфликт со противничките играчи и навивачите, а се експлодираше претходниот викенд кога навивачите на Валенсија на расна основа го навредуваа од трибините.

После тоа, младиот Бразилец доби поддршка од целиот свет. Поддршка доаѓа и од клубот, но како што тврди новинарот Пипи Естрада, меѓу соиграчите од клубот има и луѓе на кои им е преку глава од однесувањето на Бразилецот.

Според него, Тони Крос е прилично незадоволен од тоа што неговиот соиграч постојано е вовлечен во бројни контроверзии и не сака повеќе да се залага за него.

„Соблекувалната е прилично вознемирена поради Винисиус, тоа сите го знаат. Особено е лут Тони Крос, кој веќе нема намера да се „тепа“ поради Винисиус во тепачки кои не можат да се решат“, вели Естрада и додава:

„Тони Крос не е единствениот. Досега Германецот секогаш јавно го бранеше својот соиграч и неговите потези ги оправдуваше со тоа дека сè уште е млад“, вели Естрада.

Новинарот тврди дека односот на Винисусис не им се допаѓа и на поранешните играчи на Реал.

„Играв со ветераните на Реал Мадрид и тие ми рекоа дека лично ќе го испрателе со првиот авион во Бразил, доколку покажел такво непочитување кон соиграчите, судиите и ривалските навивачи во нивната ера“, вели Естрада.

реклама

Едно овошје е број еден за намалување на крвниот притисок

Read more

Решението за лошиот здив од лукот стои во фрижидерот

Read more

Зошто археолозите стравуваат да ја отворат гробницата на првиот кинески император?

Read more

Апасиев: Убиецот на Ибе Паликуќа сега има улица во Скопје

Read more

Фудбал

Роналдо не доби пенал, па му се налути на судијата

Read more

Капело објасни зошто Јувентус има предност во трката за Скудетото

Read more

И Интер добива сопственик од Блискиот Исток?

Read more

Невидена доминација на Интер над Милан во 2023 година

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Роналдо не доби пенал, па му се налути на судијата

Читај повеќе

Капело објасни зошто Јувентус има предност во трката за Скудетото

Читај повеќе

Дрес од МЗТ за градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс

Читај повеќе

И Интер добива сопственик од Блискиот Исток?

Читај повеќе

Хамилтон пред Јапонското ГП: Се надевам Ред Бул нема да биде 30 секунди пред сите

Читај повеќе

Невидена доминација на Интер над Милан во 2023 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Онана направи нов кикс, па се извини: Јас сум крив што загубивме од Баерн

Читај повеќе

Дембеле синоќа постави срамен рекорд во Лигата на шампионите

Читај повеќе

Зад голот на голманот на Лацио се крие интересна приказна

Читај повеќе