„Вино на штикли“ во Форца

Како дел од негувањето и ширењето на винската култура во земјава винскиот бар и ресторан „Форца“ во соработка со иницијативен одбор составен од дами љубители на вино, на 30 јуни (петок) од 19 часот организира вински настан „Вино на штикли“, под мотото „Голтни. Истражи. Уживај.“

На настанот посетителите ќе имаат можност да си допуштат единствено патување низ мирисите и вкусовите на исклучително смели и провокативни над 100 етикети на бело, розе и црвено вино од 15 домашни винарии. Ќе биде поставен и специјален гастрономски дел, а за пријатна и опуштена атмосфера ќе придонесе и добро осмислената музичка програма.

Влезници за настанот ќе може да се купат на денот на случувањето. Цената на една влезница е 500 денари, а доколку дојдете во пар цената е 750 денари за двајцата. Во цената е вклучена неограничена дегустација на над 100 различни вина од 15 различни винарии.

Учесници на овој мини вински салон се следните винарии: Тиквеш, Бовин, Стоби, Сковин, Камник, Лазар, Брзанов, Далвина, Сопот, Фантинел, Попов, Имако, Картал, Лозар и Вин Арт.

Покрај одличната уникатна програма настанот ќе има и хуманитарен карактер. Целта е да се поттикне хуманоста и несебичната поддршка за децата и младите со посебни потреби. Ќе биде организирана хуманитарна аукција на премиум вина од сите винарии учесници на настанот. Собраните средства од аукцијата ќе бидат донирани на „Центарот за специјална едукација и рехабилитација на деца со пречки во развојот и аутизам“.

реклама

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе