Американската филмска ѕвезда Винона Рајдер завчера изјави дека таа и Кијану Ривс дале брачни завети со Кијану Ривс пред вистински свештеник кога го снимале филмот „Дракула“ од 1992 година.
„Вистински се венчавме во ‘Дракула’“, рече 46-годишната актерка.
„Се колнам во бога, мислам дека вистински се венчавме.“
Режисерот Френсис Форд Копола викнал „вистински римокатолички свештеник“ за венчавката во филмот.
„Ја водеше целата церемонија додека снимавме. Затоа мислам дека навистина сме венчани пред бога“, рече актерката на промотивен настан за нејзиниот нов филм со Ривс, романтичната комедија „Destination Wedding“.
Ривс (53) вели дека никогаш не помислил на тоа.
„Зарем не се сеќаваш? Беше Денот на вљубените“, го потсети Винона.
„Леле, господи, венчани сме“, одговори Кијану.
Премиерата на нивниот нов заеднички филм по 26 години е закажана за утре, 21 август.