Виножито за Гинис на небото над Тајпеј
Виножито, кое траело речиси цели девет часа, било забележано на небото над тајванската престолнина Тајпеј.
Научници од одделението за атмосферска наука на Универзитетот за кинеска култура во Тајпеј, забележале дека виножитото траело од 6 и 57 до 15 часот и 55 минути, односно полни 8 часа и 58 минути.
Ако овие податоци се потврдат, ќе биде срушен претходниот светски рекорд за најдолготрајно виножито забележано во Јоркшир во Англија, во 1994 година, кога траело 6 часа.