Virgin Hyperloop има неверојатна визија за иднината на транспортот
Ричард Бренсон ќе вложи 500 милиони долари во развој на футуристичкиот проект Virgin Hyperloop. Сега имаме можност да видиме каква е неговата визија за иднината на транспортот.
Во најновото видео наречено Virgin Hyperloop Passenger Experience може да видиме како ќе изгледа искуството од патувањето на патниците, да ги видиме транспортните капсули и огромната инфраструктура.
Целата постапка делува како патување со авион, со разлика што го нема тој поглед бидејќи капсулите се движат во тунели и тоа со огромна брзина.
Virgin соопшти дека овој футуристички проект нема да се комерцијализира до 2030 година.