Virgin Orbit се откажа од вселенските операции, отпушта 90 отсто од вработените

Деновите на лансирање на сателити во вселената за Virgin Origin се минато.

По шест години деловно работење, подружницата за лансирање на сателити на Virgin соопшти дека повеќе нема средства за финансирање на операциите и дека ќе се затвори. Речиси 90 отсто од вработените во Virgin Orbit ќе бидат отпуштени, поточно 675 луѓе.

Virgin Orbit е основана во 2017 година за да развие и комерцијализира систем за лансирање на сателити наречен LauncherOne, кој е поставен под модифициран авион Boeing 747 наречен Cosmic Girl. Системот е дизајниран да лансира мали сателити од 226 кг во ниската орбита на Земјата со нивно лансирање со ракета на височина помеѓу 9.000 и 15.000 метри.

И покрај низата рани успеси кога станува збор за развојот и проширувањето на услугите во британската војска, првиот официјален тест на системот LauncherOne во мај 2020 година не беше успешен, односно симулираниот товар не беше испорачан во орбитата. Вториот обид следеше во јануари 2022 година и беше успешен, лансирајќи 10 сателити на НАСА во ниска орбита. Исто така, првото комерцијално лансирање беше успешно спроведено во јуни истата година. Потоа во орбитата беа испратени уште седум сателити, како и опремата на американските вселенски сили.

Севкупно, Virgin Orbit изведе шест лансирања помеѓу 2020 и 2023 година, а само четири беа успешни. Последниот обид беше наречен Start Me Up и требаше да го означи првото комерцијално лансирање од британско тло. Иако ракетата успешно се одвои од авионот, аномалија на горната етапа спречи товарот да биде испорачан во орбитата. Подоцна беше утврдено дека филтерот од 100 долари ја уништил мисијата.

Основачот на Virgin Group, сер Ричард Бренсон, инвестираше до 55 милиони долари во компанијата во текот на изминатите неколку месеци, но споменатата неуспешна мисија беше последната капка. Поради недостиг на средства, Virgin Orbit објави „оперативен прекин“.

Отпуштените вработени ќе добијат отпремнина и ќе останат во евиденцијата на вработени на Virgin Galactic.

Тагови
реклама

Рани симптоми кои укажуваат на можност за мултиплекс склероза

Read more

Губење титула на бугарски начин

Read more

Рецепт на денот: Зелник од пченкарно брашно

Read more

Два знака од Зодијакот цел јуни ќе имаат поволен финансиски период

Read more

Вести

Поради технички проблеми Boeing го одложи првиот лет со екипаж на Starliner

Read more

Лекарите велат дека ова е најважниот вирус за кој никогаш не сте слушнале

Read more

Ѓердан со заб од мегалодон пронајден во потонатиот Титаник

Read more

Италија сака да инсталира Ајнштајнов телескоп во напуштен рудник

Read more
 

Гик

Поради технички проблеми Boeing го одложи првиот лет со екипаж на Starliner

Читај повеќе

Лекарите велат дека ова е најважниот вирус за кој никогаш не сте слушнале

Читај повеќе

Со помош на ултразвучни бранови во иднина и луѓето ќе хибернираат

Читај повеќе
  • play_arrow

Ѓердан со заб од мегалодон пронајден во потонатиот Титаник

Читај повеќе

Кои се најпопуларните телефони од врвна класа во првиот квартал?

Читај повеќе

The Witcher 3 е најпродавана RPG игра во историјата

Читај повеќе

Google веќе го распродаде најскапиот телефон, а уште не е пуштен во малопродажба

Читај повеќе

Италија сака да инсталира Ајнштајнов телескоп во напуштен рудник

Читај повеќе

На Twitter му се заканува забрана од ЕУ

Читај повеќе