Вирус што го убива ракот за првпат тестиран на луѓе и покажува одлични резултати

Медицината секој ден сè повеќе напредува, а тоа го покажуваат истражувањата на научниците кои постојано доаѓаат до нови откритија. Овојпат добри вести доаѓаат од Велика Британија, каде што научниците дојдоа до неверојатно откритие - вирус кој во иднина би можел да лекува рак.

Новиот тип на терапија, кој користи вирус чија цел е да ги уништи клетките на ракот, покажа позитивни резултати во првите тестирања на луѓе, потврдија научниците. Кај еден пациент ракот целосно исчезнал, додека кај други се намалил. Лекот што се користи е всушност ослабена форма на вирусот на херпес симплекс модифициран да убива тумори, јавува BBC.

Резултати кои даваат надеж

Кжиштоф Војковски, 39-годишен градежен работник, е еден од пациентите кои учествуваа во првата фаза од тестирањето. Тој објаснува дека во 2017 година му бил дијагностициран рак на плунковните жлезди и покрај операцијата и другите третмани на кои бил подложен, неговиот рак не се намалил, туку продолжил да расте.

„Лекарите ми рекоа дека нема повеќе опции за мене, дека нема решение. Ме советуваа да се откажам, но за мене тоа беше поразително. Ниту една секунда не размислував кога ме поканија да се приклучам на истражувањето Немав што повеќе да направам да изгубам“, изјави Војковски, кој доби одлична вест по краткото лекување - неговиот рак го нема.

„Примав инјекции на секои две недели во период од пет недели кои целосно ми го искорени ракот. Сега веќе две години сум без рак“, додава тој.

Уништување на канцерогените клетки со инјекции

Инјекциите кои се вбризгуваат директно во туморот го напаѓаат ракот на два начина - со инвазија на канцерогените клетки, што предизвикува нивно распаѓање и со активирање на имунолошкиот систем. Во споменатото истражување учествувале околу 40 пациенти, некои ја примиле самата вирусна инјекција, додека други добиле друг лек против рак наречен Ниволумаб.

Авторот и раководител на студијата, професорот Кевин Харингтон од Универзитетот во Лондон, изјави за BBC дека одговорот на телото на терапијата е „навистина импресивен“ во различни фази на рак, без разлика дали е тоа почетна форма или веќе напреднат.

Тагови
реклама

3 години и 6 месеци затвор за Стевчо Јакимовски, градоначалникот на Карпош

Read more

Силен земјотрес во Турција

Read more

Бен Афлек го спушти синот на земја: Јас сум богат, а ти немаш скршена пара

Read more

Голем љубовен хороскоп за мај: Врските ќе бидат ставени на тест

Read more

Здравје

Која храна помага против надуеност?

Read more

Доктор открива зошто треба почесто да пиеме сок од целер

Read more

Не ги игнорирајте првите знаци на рак на тестиси: Кога да посетите лекар?

Read more

Што треба да јадете за да внесувате повеќе магнезиум?

Read more
 

Магазин

Отстранете ги дамките од маснотии од облеката со изненадувачка намирница

Читај повеќе

Често гледате порнографија? Знаете ли како тоа влијае на вашиот мозок?

Читај повеќе

Која храна помага против надуеност?

Читај повеќе
  • filter

Како да бидете центар на вниманието на Моден викенд Скопје?

Читај повеќе

Голем љубовен хороскоп за мај: Врските ќе бидат ставени на тест

Читај повеќе

Карта на осаменоста на Европа: Луѓето сѐ повеќе се повлекуваат како што стареат

Читај повеќе

За гурмани: Свински шницли со јаболка

Читај повеќе

Доктор открива зошто треба почесто да пиеме сок од целер

Читај повеќе

Не ги игнорирајте првите знаци на рак на тестиси: Кога да посетите лекар?

Читај повеќе