НАЈДОБРИТЕ ВО МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛ ЗА 2019

Висар Муслиу е фудбалер на годината, Елмас најдобар македонски играч во странство

Наградата за најдобар македонски фудбалски репрезент во странство ја доби Елиф Елмас, а најдобар фудбалер во првата лига е Висар Муслиу, кој играше за Шкендија пред да замине во унгарски Фехервар.

Тие ги добија главните награди на вечерашната церемонија на најдобрите во македонскиот фудбал.

Муслиу порача дека „Сега е нашето време“ и рече дека сака македонската репрезентација да се најде на Европско првенство.

Тренер на годината е Југослав Тренчовски кој со Академија Пандев го освои купот. Влатко Стојановски кој сега игра за Ним, а во минатата сезона беше во Ренова, е прогласен за најдобар стрелец во првата лига.

Џемал Ибиши од Вардар е најдобар млад играч. Флорент Рамадани од Шкендија е прв стрелец во младински фудбал. Шкендија е најдобар клуб во младински фудбал, а најдобар тренер е Филип Деспотовски од Вардар.

Најдобра фудбалерка за 2019 година е Ленче Андреевска од Каменица Саса. Најдобар тренер е Илија Мандаров од Драгон, клубот кој освои двојна круна, додека Ели Јакоска е најдобар стрелец во женскиот фудбал.

Таулан Исмаили од КФМ Шкупи е најдобар фудбалер во футсал. Струмичанецот Марјан Гоцевски е најдобар судија, а Академија Пандев е нај фер-плеј екипа.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе