Вистина или мит: Намирници кои го зајакнуваат имунитетот

Сезоната на грип, настинки и вируси е во полн ек, па многумина од вас посегнуваат по намирници за кои мислат дека експресно ќе им го зајакнат имунитетот. Но, нутриционистите и лекарите велат дека некои намирници не придонесуваат за зајакнување на имунитетот.

„За многу намирници за кои сметате дека се непотребни се потребни и обратно“, рече интернистот д-р. Мајк Финкелштајн кој вели дека многу совети кои ќе ги слушнете од најблиските или ќе ги прочитате на интернет се збунувачки и невистинити.

Едно јаболко на ден

Јаболката содржат неколку витамини, а лушпата е добра за дигестивниот систем и ги чисти забите. Но, според неговото мислење, ако гледаме на имунолошкиот систем, еднo јаболко дневно не прави разлика. Треба да јадете повеќе.

Витамин Д

Овој витамин е добар за здравјето на коските, а исто така може да ја олесни болката во мускулите и да ја спречи главоболката.

Но тоа не придонесува за зајакнување на имунитетот. Прекумерниот внес на витамин Д може да предизвика токсичност од витамин Д, и да доведе до собирање на калциум во крвта. Нормална доза на дневно ниво е 1000 мг.

Мед

Многумина сметаат дека медот е еден од најдобрите природни лекови. 

Иако тој навистина има значајна улога за здравјето, нема доказ дека го зајакнува имунолошкиот систем.

Зелен чај

Било кој друг чај е добар за вас, но зелениот не прави голема разлика кога станува збор за имунолошкиот систем. Тој нема толкава моќ како што мислат сите.

Зелениот чај е корисен за други работи, но за зајакнување на имунитетот не. Ве советува да пиете обична вода и да избегнувате газирани сокови.

Пробиотици

Овие здрави бактерии кои се наоѓаат во суплементите и ферментираните намирници како што се јогурт или кисела зелка, помагаат на дигестивниот систем. Исто така, некои сметаат дека пробиотиците се заслужни за зајакнување на имунитетот, но доказите се недоверливи.

Кои намирници всушност го зајакнуваат имунитетот?

Омилениот лек на вашата баба- пилешката супа го зајакнува имунитетот. Освен тоа, лекарот препорачува да го внесете и лукот во вашата исхрана.

Витаминот Ц не е лек за борба против настинка, туку превенција против настинката и за одржување на правилно функционирање на имунолошкиот систем.

реклама

Здравје

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more
 

Магазин

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Читај повеќе

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Читај повеќе

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Читај повеќе

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Читај повеќе

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Читај повеќе

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Читај повеќе

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Читај повеќе