Вистини и лаги: Дали со продажбата на дресови Јуве може да го исплати Роналдо?

Еден од најголемите митови во фудбалскиот свет е поврзан со продажбата на дресови, односно со можноста на тој начин да се вратат парите, вложени во купување на врвен играч.

Имено, шампионот на Италија го доведе Роналдо, па ќе му плати на Реал Мадрид 100 милиони евра (на две рати), додека на играчот ќе му даде договор од четири години, вреден 120 милиони евра. Кога овде ќе ги вклучите и 12-те милиони евра, кои Јуве ќе им ги плати на Спортинг и Манчестер Јунајтед, односно 120 милиони евра данок, доаѓаме до астрономска сума од 352 милиони евра.

Многу „експерти“ на социјалните мрежи, тврдат дека Јуве тој износ ќе го врати само од продажбата на дресови. Овде се среќаваме со еден од најголемите митови во модерниот фудбал.

Колку еден клуб како Јуве, навистина може да заработи од продажба на дресови и колку има вистина во тоа, дека добар дел од вложените пари за трансферот на Роналдо, ќе бидат вратени само од продажбата на дресови?

Најпрво, да тргнеме од тоа дека Јувентус со Adidas има важечки шестгодишен договор (2015-2021), во вредност од 139,5 милиони евра. Во оваа сума, не е пресметана вредноста на опремата која Adidas му ја доставува на Јувентус на годишно ниво, но тоа и не е толку важен фактор во оваа приказна.

Јувентус преку ставка во договорот на годишно ниво, може да смета на заработка од продажба на дресови, ако се оствари претходно одредената цел. Секој сериозен клуб, го пресметува просекот од продажбата на дресовите од претходните сезони и тоа е сумата околу која се прават договори со техничките партнери.

„Бјанконерите“ влегуваат во категоријата на топ 10 клубови, кога е продажбата на дресови во прашање на глобално ниво, но изненадувачки е сепак податокот дека Јуве во 2016 продаде вкупно 850.000 дресови.

Сигурно очекувавте дека ќе станува збор за повеќе милионска сума. На такво нешто, моментално можат да сметаат Реал, Барселона, Баерн и Манчестер Јунајтед, а секако дека Јувентус со доаѓањето на Роналдо ќе го поправи тој просек.

Кога ќе го земеме во предвид фактот дека само во првите 24 часа, дресови на Јуве со името на Роналдо купија 520.000 луѓе, јасно е дека доаѓањето на најдобриот играч на светот не е воопшто мала работа.

Бројката навистина е голема, но овде се пресметани и оние навивачи кои редовно купуваат дресови на Јувентус, со тоа што овој пат логично, ќе одберат дрес од Роналдо.

Стандардните договори, а тука подразбираме стандардни договори за најголемите светски клубови, подразбираат техничкиот партнер да зема од 85 до 90 отсто од профитот од продажбата на дресови, што значи дека клубот го зема остатокот и тоа под услов да се достигне одредената бројка на продадени единици.

Престижниот „Guardian“, во еден од своите текстови пред две години, објасни како тоа функционира во Манчестер Јунајтед.

Тогаш беше проценето дека Златан Ибрахимовиќ ќе продаде дополнителни 300.000 дресови во Јунајтед, што процентуално гледано е зголемување од 10 отсто, а тоа беше премногу оптимистично.

Земајќи ги во предвид цената и бројот на продадени дресови, цената стигнуваше до околу 30 милиони фунти, а тоа тогаш значеше дека Јунајтед може да забележи приход нешто поголем од 3 милиони фунти на годишно ниво.

Тука доаѓаме до заклучокот дека Јувентус, дури ни со драстично зголемување на процентот на продадени дресови, во никој случај нема да може да заработи ниту четвртина од парите кои ги вложија за купување на Роналдо.

Овде нема да зборуваме за другите бенефити, кои клубот ги добива кога купува ѕвезда како Португалецот.

Она што беше важно, е всушност да се разбере колку навистина може да се заработи од продажба на дресови и да се објасни дека во светот на фудбалот владее мит, кој апсолутно не е точен.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Фудбал

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе