Еден од најдобрите светски тенисери, Карлос Алкарас, доживеа вистински дебакл во второто коло на УС опен. Холанѓанецот Ботик ван де Зандсхулп (74. АТП) беше подобар од Шпанецот со максимални 3:0.
Холанѓанецот го совлада еден од најголемите фаворити за титулата со 3:0, а сетови беа 6:1, 7:5 и 6:4.
Некакво оправдување за Алкарас можат да бидат малите проблеми со повредата, која ја имаше пред УС опен, но без поголеми проблеми во првото коло го совлада Австралиецот Ли Ту.
Во ниту еден момент од натпреварот во текот на ноќта немаше проблеми за Ван де Зандсхулп, кој доминираше и имаше целосна контрола врз случувањата на мрежата. Возбудувања видовме дури на крајот од вториот сет кога Холанѓанецот го искористи брејкот на 5:5 и потоа лесно го спаси за 2:0.
ONE OF THE BIGGEST UPSETS OF ALL TIME!
— José Morgado (@josemorgado) August 30, 2024
Roland Garros and Wimbledon champion Carlos Alcaraz, winner here at the #USOpen in 2022, is OUT in the 2nd round to Botic Van de Zandschulp 6-1, 7-5, 6-4.
Carlos was poor, but Botic was absolutely UNREAL for 2h20. Crowd in SHOCK. pic.twitter.com/GOE8peRu4N
Во третиот сет видовме два брејка од Холанѓанецот, а немаше враќање по трите врзани меч топки за Алкарас.
Ван де Зандсхулп во 3. коло ќе игра против Британецот Џек Дрејпер, 25-ти на АТП.
За разлика од Алкарас, двајцата фаворити за титулата, Даниил Медведев и Јаник Синер, синоќа немаа проблеми и своите дуели ги добија со по 3:0.
Во женска конкуренција, светската тенисерка број еден Ига Швјонтек ја победи Јапонката Ена Шибахара со 2:0, по сетови 6:0 и 6:1.