Вистинската цена на високите потпетици

Чевлите со високи потпетици речиси имаат некакви волшебни моќи: жените велат дека во нив се чувствуваат помоќни, посекси и посамоуверени. Но, која е вистинската цена што се плаќа за нив?

Ако високите потпетици ви се омилените обувки и обожавате да го гледате светот „од високо“ кога сте во нив, подгответе се за малку добри и лоши вести.

Според една анкета спроведена неодамна во Велика Британија, жените кои носат високи потпетици им делуваат попривлечно и на мажите и на жените.

Речиси две третини од анкетираните жени рекле дека се чувствуваат посекси кога носат високи потпетици, дека тоа им ја крева самодовербата и дека имаат подобро мислење за себе.

Слично реагирале и мажите: според одговорите на испитаниците, има два пати поголема шанса да им се насмевнат на жени во чевли со висока потпетица отколку на жени облечени во патики или балетанки. Исто така, два пати е поголема веројатноста да ѝ понудат помош на жена облечена во штикли.

Меѓутоа, ова истражување покажа уште една, „помрачна страна“.

Повеќето жени признале дека носењето високи потпетици обично има последици: болни и отечени стапала, плускавци, болки во грбот.

Лекарите се согласуваат: Обувките со високи потпетици предизвикуваат болки во долниот дел од грбот, повреди на зглобовите, воспаленија на тетивата, појава на „попуштени“ и отечени вени, болка во мускулите на нозете, плускавци, а исто така го зголемува ризикот од деформирање на стапалото.

Дали сте подготвени да ја платите оваа цена за една „доза самодоверба“ од носењето високи потпетици, проценете сами.

реклама

Стил

Моника Белучи, имај милост!

Read more

Ирина Шајк во no pants тренд, но сите гледаа во нејзините чевли

Read more

Северина или Ирина?

Read more

Џеј Ло не се откажува од трендот на сезоната

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе