Вистинската причина зошто Ријана не беше платена за настапот на Супербоул

Ријана триумфално се врати на сцената на Супербоул со нејзиниот прв соло настап по седум години - изведе фантастичен миниконцерт кој без сомнение ќе влезе во историјата на шоуто за полувремето на големиот спортски настан.

Настапот на Ријана имаше повеќе од доволно елементи за паметење – таа изведе некои од нејзините најпознати хитови, па направи пауза на средината на настапот за да си го напудри носот со производ од нејзината линија Fenty Beauty и да му открие на светот дека со A$AP Rocky го очекуваат второто заедничко дете. Но, што заработи од настапот на Супербоул?

Шоуто на пејачката родум од Барбадос лесно се може да се спореди со неодамнешниот камбек на Бијонсе на сцената во Дубаи - едночасовен настап за кој наводно ѝ биле платени 35 милиони долари. Може ли финансиски да се споредат двата настапи?

Можеби ќе ве изненади фактот дека артистите всушност не добиваат хонорар за настапот на Супербоул, а Ријана сигурно немаше да биде првата отстапка.

Како Лејди Гага, Шакира, Џенифер Лопес, Бијонсе и други пред неа кои ја краселе најпознатата светска сцена во финалниот плејоф на НФЛ – ни Ријана не доби хонорар за настапот.

Remote video URL

Причината е едноставна - шоуто на полувремето на Супербоул е една од најгледаните содржини на сите времиња, со речиси 100 милиони гледачи ширум светот. Речиси е загарантирано дека артистот кој бил избран ќе има огромен скок на слушаност, стримување и преземање на неговите/нејзините песни и секако ќе добие нови договори за настапи и концерти од кои ќе има приход во иднина.

Настапот на полувремето на Супербоул е повеќе за имиџ и репутација отколку за пари. НФЛ не им плаќа на изведувачите хонорари за настапот, но покрива сите трошоци за изведувачите и нивната придружба од раководството на членовите на бендот, техничката екипа, безбедносниот персонал, семејството и пријателите.

реклама

Како Американците го „украдоа“ најнапредниот советски хеликоптер?

Read more

Што значи кога ви игра окото и дали може да биде сериозно предупредување?

Read more

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Read more

Што да јадете за здрав црн дроб?

Read more

Музика

Првпат по 35 години се продадоа повеќе грамофонски плочи од ЦД-а

Read more

Брано од Dubioza kolektiv демонстрира како звучат питите

Read more

Северина „жари и пали“ на Малдиви, обожавателите ѝ порачаа: Изгледаш како да имаш 25 години

Read more

Шакира конечно откри зошто го провоцира бившиот

Read more
 

Сцена

The Simpsons враќаат озлогласен лик од првата сезона

Читај повеќе
  • play_arrow

Први снимки од снимањето на 6. сезона на The Crown

Читај повеќе
  • play_arrow

КАЈГАНА ПРЕПОРАКА: Зошто треба да ја гледате серијата You на Netflix?

Читај повеќе
  • play_arrow

Официјален трејлер за The Night Agent

Читај повеќе
  • play_arrow

Орландо Блум се распеа среде паб за Свети Патрик

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв трејлер за BEEF, новата серија на Netflix

Читај повеќе
  • play_arrow

10 моменти во Friends во кои се пронаоѓаме и денес

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Disney „рециклираат“ анимации?

Читај повеќе