Вистински чувар: Питбул трениран да заштитува деца
Одгледувачница на питбул кучиња во САД тренира кучиња за полицијата, за војската, но и за заштита на деца. Кога на тренираните кучиња ќе им се даде команда во одредена ситуација, тие преминуваат во состојба на чувари и постојано го заштитуваат оној кој има потреба од тоа.
Во ова видео ќе видите пример на питбул кој чува, односно заштитува две мали деца. Тој е научен да ги брани децата единствено во случаи кога некој физички би ги нападнал и кога тоа ќе се случи, реагираат брзо, штитејќи ги со телото.
Кучето не напаѓа веднаш, туку чека да се увери дали целта е навистина опасна или не. Кога ќе се увери дека станува збор за опасност, тргнува во напад.