Живот

Виталиа чекор понапред во освојување на Азискиот пазар

15. мај 2019 - 13:49 |

За успешните компании кои креираат иновативни производи ниеден пазар не е неосвоив. А колку тој е далечен, поголем, поразличен и на него постои голема конкуренција, предизвикот е уште поголем. Македонската компанија за здрава храна Виталиа уште одамна го прифати тој предизвик и храбро чекори кон освојувањето нови конкурентни пазари.

Со таа цел е и овогодинешното учество на најголемиот азиски саем, и еден од најголемите во светот "SIAL" Шангај, на кој оваа година изложуваат над 4.300 успешни светски компании на 17 различни саемски сали, а се очекува присуство на над 112.000 претставници од компании и светски ланци на супермаркети. Целта на саемите SIAL низ целиот свет е да ги претстави глобалните трендови за храна и исхрана, да ги собере заинтересираните страни од секторот и да ги организира овие состаноци под симболот - иновација на храна. Затоа, посебно место во рамките на саемот зазема "SIAL Innovation" штандот на кој се претставуваат најиновативните светски производи, претходно оценети и избрани од посебна комисија. На овој штанд се претстави и Виталиа со линијата на продукти од колаген, инстант колаген, мусли со колаген и оризови каши со колаген,  кои претставуваат нов тренд во функционалната здрава исхрана.

Самото учество во оваа избрана селекција на "SIAL Innovation" штандот е огромно признание за Виталиа, потврда за сите напори и заложби да креира иновативни здрави производи, според потребите на модерните потрошувачи.

Саемите и индустриските изложби играат витална улога во воспоставување лидерско место на пазарот и градење ефикасна база на контакти. Изложувачите имаат шанса да ги презентираат најновите иновации, а истовремено да се стекнат со експертиза, да запознаат нови луѓе кои можат да бидат потенцијални клиенти и да добијат инспирација од светските трендови.

*Промотивен текст

Коментирај