во рамките на проектот „Социјална инклузија и економско зајакнување на млади и на млади родители во социјален ризик преку мерки за генерирање приходи “

Виталиа општествено најодговорна компанија

На вчерашниот завршен настан, во рамките на проектот „ Социјална инклузија и економско зајакнување на млади и на млади родители во социјален ризик преку мерки за генерирање приходи “ во организација на СОС Детско село Македонија, беа презентирани резултатите на проектот и се доделија плакети и признанија на клучните партнери и најуспешните корисници во проектот. Македонската компанија за производство на здрава храна „Виталиа“ се закити со плакетата за општествено најодговорна компанија и благодарност за успешната соработка и партнерството при реализација на проектот. 

Во рамките на проектот Виталиа овозможи  поддршка и вработување на млади вклучени во проектот и зема учество во реализација на практични обуки со цел стекнување вештини при вработување (симулација на работно интервју).

„Нашата заложба да бидеме активни и корисни учесници во општеството е секогаш на прво место. Сметаме ека будноста и проактивноста е неопходна и од огромно значење за сите компании во нашата земја. Во време на општа социјална и економска криза, најголем придонес кон општеството се одразува со зголемување или барем задржување на сегашното ниво на вработување. Секоја платена заработувачка е извор на приход не само за вработениот и неговото семејство, туку и за другите припадници на локалната заедница кои работат и живеат од нивната потрошувачка. Драго ни е и среќни сме што нашите заложби имаат одек во средината во која работиме. Ова за нас претставува мотив да продолжиме да работиме во истата насока“-изјавија од Компанијата.

Проектот „Социјална инклузија и економско зајакнување на млади и на млади родители во социјален ризик преку мерки за генерирање приходи “ беше имплементиран со поддршка на Германското министерство за економска соработка и развој и Фондацијата Херман Гмајнер во рамки на Ресурсниот центар на СОС Детско село во општина Гази Баба. Со проектот се опфатени млади луѓе и млади родители од територијата на градот Скопје, со фокус на општина Гази Баба.

*Промотивен текст

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Бизнис

Паднаа акциите на Netflix

Read more

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Read more

Волстрит паѓа четврти ден по ред

Read more

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Read more
 

Вести

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе