Виталиа потпиша меморандум за соработка со Фармацевтскиот факултет: Размена на знаења за подобро утре

Виталиа и Фармацевтскиот факултет при УКИМ денеска потпишаа меморандум за соработка. Соработката ќе има деловни и едукативни аспекти, а целта преку взаемна комуникација да се создадат подобри наставни програми конкурентни на пазарот.

 

Како дел од соработката е предвидена реализација на практична настава за студентите од Фармацевсткиот факултет, за времетраење на нивните студии, потоа организирање и спроведување на апликативни проекти и обезбедување на стручна, научна и техничка поддршка за изготвување на експертски анализи согласно потребите на договорните страни.

„Размената на идеи често води до нови знаења, до откривање на нови начини на работа и до иновација. Затоа сметаме дека оваа соработка со Фармацевтскиот факултет доаѓа во вистинско време и ќе донесе многу придобивки како за Виталиа, така и за студентите од факултетот“, изјави Искра Ветаџокоска-Муцунска, генерален менаџер и косопственик на Виталиа.

Меѓусебната соработка ќе значи и размена на знаења и искуства помеѓу бројните експерти во двете организации, кое ќе им помогне на студентите во подготовката за професионалните ангажмани и ќе придонесе кон создавањето на подобри услови и кадри на пазарот на труд. Во иднина, ова партнерство би можело да резултира во организирање на разни едукативни активности, конференции, симпозиуми и други форми на образование кои ќе помогнат да се оствари зацртаната цел.

Во наредниот период, во план е и посета на студентите од новата студиска програма на Фармацевтскиот факултет, Диететика и Диетотерапија, каде што ќе можат непосредно да го увидат целосниот процес на производство на здрава храна во Виталиа. Од едно вакво искуство, студентите ќе научат за целокупниот процес од идеја до нов производ, како се преработуваат разните состојки, процесите на контрола на квалитет, пласирање на готовиот производ на полица и промоција на истиот.

реклама

Два знака од Зодијакот цел јуни ќе имаат поволен финансиски период

Read more

Скандалозно исфрлен фоторепортер од Ролан Гарос

Read more

Во заедничка акција на македонската и грчката полиција запленет 161 кг кокаин во Солун

Read more

Од понеделник во продажба билетите за Македонија - Украина

Read more

Промо

Со донација на повеќе од 300 илјади денари dm drogerie markt го одбележа Меѓународниот ден на децата!

Read more

Фестивалот EXIT и Coca-Cola го носат најдоброто светско фестивалско VR-искуство со низа домашни настани

Read more

Сребрен сјај: Совршени парчиња накит за вашата колекција

Read more

Limited edition лименките на Златен Даб – предизвикувачка платформа за оригинален уметнички израз

Read more
 

Ново

За една ноќ во Скопје 13 уапсени поради поседување дрога, меѓу нив и малолетник

Читај повеќе

Два знака од Зодијакот цел јуни ќе имаат поволен финансиски период

Читај повеќе

ДУИ: И по 5 години Мицкоски не успева да излезе од сенката на Груевски

Читај повеќе

Во заедничка акција на македонската и грчката полиција запленет 161 кг кокаин во Солун

Читај повеќе
  • play_arrow

Елмас доби специјален подарок од Наполи – Златното стапало на Марадона

Читај повеќе

Докопан во сос од бело вино и сенф

Читај повеќе

Од понеделник во продажба билетите за Македонија - Украина

Читај повеќе

Алушовски го презеде кормилото на ГРК Охрид

Читај повеќе

Поради технички проблеми Boeing го одложи првиот лет со екипаж на Starliner

Читај повеќе