Виталиа со 15% раст на извозот во првите 8 месеци од 2018 година

Како резултат на квалитетните и оригинални производи, добрата дистрибуција и спремноста да се задоволат специфичните барања на купувачите, компанијата Виталиа оствари раст на извозот од 15% во првите 8 месеци од 2018 година во споредба со истиот период лани.

Компанијата го зголеми и бројот на вработени за 25%, континуирано инвестирајќи и во самиот процес на производство. Растот се бележи на извоз на поширок асортиман на производи, пред се во категоријата на производи без шеќер, протеински производи и безглутенски производи.

Виталиа  е двигател на македонската економија, компанија која придонесува кон севкупниот економски развој, кон намалување на трговскиот дефицит, и која соработува со повеќе домашни комплементарни компании.

Домашниот пазар е мал за производствените компании чиј таргет е континуиран раст и развој и одтука тие мора да се насочат кон странските пазари. Виталиа има амбициозна цел до 2025 год. да го дуплира извозот и истиот да учествува со повеќе од  95% од вкупниот промет на компанијата.

Виталиа е македонска производна компанија за здрава храна која континуирано ги следи истражувањата и трендовите во прехранбената индустрија, и која е присутна на сите поголеми интернационални саеми за храна. Ги има имплементирано најстрогите интернационални стандарди за безбедна храна како IFS, НАССР, ISO, BRC, Vegetarian. Виталиа произведува широко портфолио на производи за сите генерации, за различни категории на луѓе, за оние кои сакаат да одржуваат здрав живот, како и за оние со одредени потешкотии.

Денес брендот Виталиа е присутен во најпознатите светски трговски синџири  како: Auchan, Tesco, Kaufland, Metro, Billa,Veropulos, Carrefour, Spar, Merkator, Konzum, Delhaize, Wholefoods, DM, а од пред две години Виталиа брендот е присутен и насветската online продавница amazon.com како и на рафтовите на Wholefoods USA и Канада.

Виталиа се извезува во повеќе од 55 земји, на 5 континенти и тоа Европската Унија, Америка, Австралија, Јапонија, Блискиот исток, Русија, Индија, Либан, ОАЕ, Казахстан, Бразил, Сејшели...

2018 е јубилејна година, компанијата слави 25 години на македонскиот пазар.

*Промотивен текст

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Бизнис

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Read more

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Read more

Раст на Волстрит по три дена пад

Read more

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во Cevahir Mall во Скопје

Read more
 

Вести

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Читај повеќе

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Читај повеќе

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Читај повеќе

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе

Раст на Волстрит по три дена пад

Читај повеќе

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Читај повеќе

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Читај повеќе